Некои од најголемите синџири за брза храна (МекДоналдс, КФЦ, Тако Бел), го имаат и најлошото јадење во својата категорија. Барем според 30.000 испитаници.
Во време кога се' се прави да биде што е можно пократко затоа што ценетиот читател и гледач сака да прави се' освен да чита и да гледа, Џон Оливер одлучи дека публиката ќе сака да гледа ултра долги истражувачки стории (15-20 минути). Два месеца подоцна, изгледа човекот не згреши.
Некои митови имаат научно објаснување и се на место, други се базираат на "ловечки приказни" од луѓе што звучат смртно самоуверени за своите подвизи и како дошло до нив. Во секој случај ги има доволно за луѓе да седнат и да напишат цела книга на темата.
Не заради нас туку заради Шкотите. За да им покажат дека водат сметка за луѓето кои сакаат да се отцепат, Англичаните и нивната економска дипломатија се во нова офанзива да се укине преку 40 години старата американска забрана за шкотскиот специјалитет хагис, а.к.а. шваргла. Најспорен дел: клучниот елемент во едно традиционално свадбено ракиџиско мезе во Велес.
Во 2011-та станува "најмладиот Американец што ја посетил секоја држава" (кај нас бил во 2007-ма), од тогаш уште не е престанат со шетање само што сега има и друга тезга: организира ергенските забави за најбогатиот 1% од САД.
Од еден прастар музички магазин од Сент Луис (Jet Lag, излегувал од 1980 до 1991-ва), ископавме драгоцено парче. Година 1980-та, на легендата Чак Бери му пуштаат музика која е тогаш ин... И го оставаат стариот да мрчи.
Списокот на „охрабрувачки" фрази кон кои прибегнуваме кога не сме сигурни што да им кажеме на нашите несреќни пријатели е долг - од „не се секирај", преку „ќе помине" до „ќе види (он/она) убаво". Сите тие може да се кажани добронамерно, ама и за добрите намери знаеме каде можат да водат.
Во 1972 година ги формира The Jam, 10 години подоцна Style Council. Денес има 56 години, 7 деца и живее во Лондон со својата сопруга и синовите близнаци. Пол Велер. човек кој понекогаш гледа романтични комедии и лапа After Eight.
Полнење на батериите, одмор, возбуда, бегство од секојдневната рутина и/или откривањето нови места и луѓе се дел од причините поради кои луѓето одат на летен одмор. Плус потребата од курчење со фотки од местото на кое се уживало. На второво, добро заработува еден фотограф од Германија.
Дофрлањето "Женска, ти диши ланецот" и слични генијалности беше (е?) еден од најголемите дострели на маалските фраери заболени од хроничен неебитис. Веројатно не ни знаат дека токму со точакот, девојките почнаа да стануваат недостижни за дрипци како нив.
Избираш регуларен Ајфон 5S, и својот наклон го изразуваш со тоа што италијанска компанија му додава златна плочка на задната страна, изгравирана со портретот на Путин, за цена од 4.000+ долари.
Седењето во траење и форма како што го правите додека сте на работа е штетно по основа на тоа што е поврзано со рак, дијабетес и срцеви заболувања, ова го покажува анализа на 43 студии на темата.
70% од потрошувачите кога на месо во супермаркет ќе го видат зборот "природно", сметаат дека тоа значи дека на животното не му се дадени хормони за раст, за 60% ова значи не се користени антибиотици или други лекови во нивната храна.
Просто е. Бидејќи денешните мажи се непоправливи, жените колективно треба да станат лезбејки и да почекаат актуелната машка постава на планетава да одумре.
Пушачите знаат како слепци да се фатат за оние 2-3 податока кои на кутиите намерно им ги оставаат тобако компаниите, колку овие да имаат со што да се занимаваат и да им личи дека носат разумни одлуки. Па врз основа на количината катран или никотин, се тешат дека овие се јаки, овие се послаби. А приказната за цигарите е каде-каде покомплицирана.
Темата ја воскреснува интервјуто што Гери Олдман го дава за најновиот број на Плејбој, а во него коментира за Мел Гибсон, за животот на ѕвездите, за Златните глобус, за Филип Сејмур Хофман, за Оскарите.
Тоа дека Стинг не планира да им остави ни долар (од вкупно 300-те милиони) на своите деца (вкупно 6) бидејќи деца треба сами да заработуваат за живот, медиумите поштено го пренесоа. Во тоа интервју имаше уште два интересни момента.
Процената е дека во текот на работниот век заработуваш 50% помалку пари доколку останеш вработен во иста компанија подолго од две години. Ова е конзервативна процена, ако седне да се прави подетална кампања разликата ќе биде поголема.