Пред две години Европската Унија го продолжи рокот на траење на авторските права од 50 на 70 години.
Но, има тука уште една цака. Авторски материјал треба да биде објавен во рок од 50 години инаку станува јавно добро. Токму затоа Дилан и Битлс, без многу публицитет, лани објавија колекции од стари нумери, за да го задржат правото и тантиемите од нив.
А ќе го сторат тоа повторно. Њујорк Тајмс најавува дека Дилан планира објавување на сет од 9 ЦД-а со материјали од 1964-та година, за да го задржи правото на нив. Ќе има тука и телевизиски изведби, песни што не влегле од тогашниот албум "Another Side of Bob Dylan' како и куп домашни снимки.
Минатата недела 50 годишниот рок на траење го продолжија и Бич Бојс кои објавија два албума со песни од 1964-та.