Заедно со уште еден комплет корпоративни тајни, хакерите преку порака на ГитХаб се заканија дека студиото дополнително ќе страда ако комплетно не се откаже од објавувањето на "филмот за тероризам." Се претпоставува дека ова е рефернца за филмот Интервју, во кој Сет Роген и Џејмс Франко се пратени во Северна Кореја за да го убијат Ким Јонг Ун.
Пораката:
"До сега му ги предадовме нашите јасни барања на менаџментскиот тим на Сони, но тие одбија да ги примат. Изгледа мислат дека се ќе биде во ред се додека успеат да го најдат напаѓачот, а притоа да не реагираат на нашите барања.
Повторно ви го испраќаме нашето предупредување.
Спроведете ги нашите барања ако сакате да се спасите.
И веднаш престанете со прикажување на филмот за тероризам кој може да ги уништи регионалниот мир и да предизвика војна.
Вие, Сони и ФБИ, не можете да не' откриете.
Толку сме перфектни.
Судбината на Сони тотално зависи од мудрата реакција и мерките на Сони."
Ова до сега е најексплицитната потврда на досегашните шпекулации дека причина за нападот е филмот Интервју и дека тој е спроведен или нарачан од властите во Северна Кореја.