Живот и забава

Како да ја хакнете својата чинија

Кинески истражувачи веруваат дека нашле начин како да се губат килограми а тоа да нема врска со вежбање, внимавање што се јаде и колку се јаде. Според нив тајната да се јаде помалку лежи во чинијата и начинот на кој е распоредена храната во неа. Уште сега да се разбереме, глупо е.

Свештеник умрел имитирајќи го Исус

39-годишен вљубеник во Бога се обидел буквално да оди по неговите стапки и да го рекреира (пре)строгиот пост спомнат во евангелијата. Планирал четириесет дена да не јаде и да не пие ништо, но завршил во болница каде лекарите пробале да го спасат од овој акт на верата. Не успеал да се омрси.

1 во 45.000

Толку изнесувал ризикот од  смртен исход од коронавирусот пред вакцините. Не кај младите, не кај оние до 20 или до 30 години, туку за сите на возраст до 50 години. Еден во четириесет и пет илјади.  „Зарем не ви е драго што цел свет се испозаклучивме толку време?“, иронично прашува Алекс Беренсон пренесувајќи резултати од една сериозна холандска студија. 

СЗО се откажа од истрагата за потеклото на Ковид

Глобалното здравствено тело тивко ја повлече истрагата што требаше да го открие потеклото на пандемијата која две години ја опседна планетава и уби 6,7 милиони луѓе.

Мислев им помагам на транс-деца. Сега дигам узбуна!

Жена што дала отказ после 4-годишно работење во еден американски вентар за промена на полот вели дека тоа што таму се случува е ужасно и во морална и во медицинска смисла. Се создаваат цели орди на деца што неповратно си ги менуваат животите, без да им е сосема јасно што прават. А такви клиники и центри, од една, за брзо време станаа - преку сто.

Од одбрана до последните денови

Да имавме среќа, СССР ќе се распаднеше малку подоцна или воопшто немаше да се распадне, па интересот за демократизација на Југославија ќе беше многу поголем. Вака испаднавме неважни баш кога можевме да бидеме најважни. И така влеговме во период што ги одреди сите наши мали животи и кој во учебниците по историја ќе се нарекува „време на војни за југословенското наследство“, кој почна тогаш а трае и денес. 

Менхетен губи по 12 милијарди долари годишно затоа што луѓе работат од дома

Доброто е што вработените конечно се вратија во прескапите канцеларии во Њујорк и посебно во Менхетен. Лошото е што во најдобар случај тоа се три дена неделно, бидејќи по ново ретко кој доаѓа на работа во понеделник и петок.

Џо Роган „го папаше“ заради пари и пица

Популарниот водител навлече бурни реакции од вечно дежурните разбудени кои везден бранат некого и се фаќаат за збор. Во случајов гревот на Роган е што рече дека не гледа ништо страшно во забелешката дека Евреите сакаат пари, слично како што Италијанците сакаат пица.  

Вршеа ли работа маските?

Се собраа доволно податоци за да не мора да нагаѓаме туку да знаеме што помагаше а што беше фолклор во оние луди години на пандемијата кои уште ментално ги немаме дижестирано. Помагаа ли маските? Не баш и не многу. Ама затоа нивната задолжителност и видлива сеприсутност им даде прилика на оние кои носат политики да покажат дека нешто се прави. 

Папагали вредни како кокаин

Жестоката разлика меѓу цената онаму каде што егзотичните птици се фаќаат (Африка) и онаму каде што завршуваат (Западна Европа) ги прави попрофитабилни и од дрога. Некои од загрозените видови коштаат и по неколку десетици илјади евра а една од битните рути минува преку Балканот.  

Нетфликс ќе прави попис

Најавата на Нетфликс дека од март ќе почне со оневозможување делење пасворди со роднини и пријатели ќе има далеку поголеми последици за светот од само односот на една компанија со своите корисници и би можело да го редефинифира начинот на кој го користиме интернетот. Се разбира, ако им успее.

ФБИ прогласи војна со американски католици, па се повлече

Во јануари ФБИ објавува официјално предупредување за опасноста од „радикална традиционалистичка католичка идеологија“. Им требаше неколку седмици да сфатат каде се, па деновиве го повлекоа меморандумот по основа дека не ги исполнува стандардите на Бирото.

Дејвид Гилмор и Роџер Вотерс се доспукаа

Иако е јасно дека со години/децении не се можат, двајцата главни ликови од Пинк Флојд ги дозакопаа надежите дека овој бенд некогаш може повторно да се обедини во најјаката постава. Како и во многу други драми меѓу бивши другари, и овде битна улога има жената на едниот. 

Црквата на Англија размислува за родово-неутрален Бог

Во обид да фати чекор со трендовите, Црквата на Англија ќе мозга како верниците да му се обраќаат на Бога, а тоа да не биде во машки род. Тие одамна знаеле дека Бог не е ни машко ни женско, вели нивниот портпарол. Со нетрпение чекаме што алтернатива ќе смислат за „Оче наш“.

Блек Сабат, Оревокршачката на нашето време

Кралскиот балет во Бирмингем подготвува балетска претстава со музика од Блек Сабат. Идејата да се избуричкаат два жанра кои се чинат неспоиви е на уметничкиот директор од Куба. Уште Пики Блајндерс да можеа да бидат обезбедување, ќе беше сеир да се посматра како во публика ќе се спојат фановите на Блек Сабат и на балетот.

Ќе се истребиме прво себе, или прво нив?

41% од нашите екосистеми се на раб на колапс, предупредува истражување спроведено во САД. Сè повеќе животни и растенија што го одржуваат здравиот животен баланс на Земјата се во ризик од истребување, а без нив, и ние нема долго да издржиме.

Како СЗО стана зависна од Бил Гејтс

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс - која се држи стамено иако нејзините основачи се разведоа после 27 години брак - призна дека било грешка што зазеле толку голема улога во Светската здравствена организација. Покрај сите оние пребогати држави на светов, оваа фондација е втор најголем донатор на СЗО.

Прво ќе те тераат да носиш маски, после ќе ти зборат дека си ружен што ги носиш

Грдите (официјално „неатрактивните“) луѓе е многу поверојатно да сакаат да продолжат да носат заштитни маски и по завршувањето на ковид пандемијата, за разлика од оние кои не мора да се кријат зад пандемијата.

Инекција која те напалува

Хормонот кој природно се појавува и ги прави луѓето да се чувствуваат сексуално напалени, научници успеале да го претворат во инекција за оние кои имаат проблем со либидото. И не само напалени, туку се чувствувале и попривлечно. Оф, кој ќе ги трпи таквите.

Како идеолозите се инфилтрираа во американската уметност

Она што кај нас се вика рамковни квоти и „балансер“, во САД е диверзитетот и инклузивноста. Не само што се инсистира на одредена боја на кожа, туку мора и јавно да се демонстрира приврзаност кон догмата. Многу уметници сведочат за оваа атмосфера, само што во својата слободарска Америка, се плашат да си го кажат името.

Сѐ што е гага има крај

До март минатата година вработените на Мета во Њујорк, освен платата добиваа и гага храна со можност и за дома да си пакуваат, гага превоз до врата, па дури и гага перење алишта. Во март работите почнаа да изгледаат како некој да го прегледал цехот за сето ова.

Ако овој добие, има надеж за многумина

Решил да ја тужи „жената на својот живот“ откако таа му рекла дека го гледа само како пријател. Значи, корпа. Со ваквото нејзино гледање на работите, му нанела траума и депресија. Плус, туку по некое време таа ги отфикарила сите контакти со него. И како да не ја тужи и да ѝ бара 3 милиони долари?

Луковиќу, среќен роденден!

Петар Луковиќ (Џубокс, Ферал, Е-новине, XXZ...) долго време бие битка со карцином и досега има минато преку 20 хемотерапии. Еден од главните сојузници му е музиката па за својот роденден составил топ-листа на песни од пејачки кои го одржувале во ментална рамнотежа додека поминувал низ тешките моменти. Држ се, маестро.

Да, вирусот ќе да е од лабораторија

Автори на два извештаја за Обединетите наци за потеклото на пандемијата напишаа дека истекување од лабораторија е најверојатна причина за нашата средба со ковидот. И не само тоа. Ги обвинија научниците од САД и Британија дека ѝ помогнале на Кина да ја задуши дебатата по ова прашање.