Вести

Сите модели на вештачка интелигенција го мислат истото за луѓето

Различни модели на вештачка интелигенција биле прашани кој би бил нивниот најконтроверзен став за луѓето, без разубавување. Биле прашани трипати. Секој модел барем еднаш напишал дека луѓето прво го избираат она во што верува нивната група, а потоа ги измислуваат причините. 8 од 13 го дале овој одговор секој пат а Кими го дал истото мислење сите три пати.

Хакираниот Кушнер и милијардите од Заливот

Џаред Кушнер ги негира експлозивните обвинувања дека, додека бил висок советник во Белата куќа во првиот мандат на Трамп, имал пристап до тајни странски банкарски сметки со околу 2 милијарди долари од кралски семејства од Заливот и дека холандската разузнавачка служба го гледала како користи една од нив преку неговиот хакиран Ајфон. Деталите од приказната се мрсни.

Бујакаша!

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Саша Барон Коен на големото платно го враќа еден од своите најпровокативни ликови, помпезниот и лажен  англиски „фраер“ Али Џи. „Фактот дека Али Г и денес е проблематичен е причината заради која решив повторно да го оживеам,“ објаснува Коен.

Речник

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Министерството за одбрана на САД планира да формира сопствена единица од тајни агенти кои би шпионирале строго чувани економски тајни на Кина и други земји. Оперативците би се претставувале како бизнисмени, без јавна поврзаност и заштита од американската влада. На оваа иницијатива се спротивставува ЦИА, која не сака некој друг да ѝ се меша на „нејзиниот терен“. 

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Анкара и Баку нагло го загрозија договорот за сојузништво со „братски“ меѓусебни обвинувања поради забраната за носење шамии во азербејџанските училишта. Причините за судирот ги надминуваат идеолошките рамки. Баку ги продлабочува односите со Израел и не сака повеќе да биде третиран од Анкара како „помалиот брат“.

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Педро Санчез беше златниот дечко на западните прогресивни кругови. Промовираше феминизам но во воведе закони кои ја бришат суштината на законските заштити на жената. А додека неговата влада ветуваше дека ќе се справи со проституцијата во земјата, негов министер си набави проститутка од веб платформа.  

Весела вест за терористи

11 годишно момче од Манчестер нешто се спречкало со родителите па излегло од дома, отишло на аеродром и се качило во авион за Рим. Немало ни пасош, ни карта, ни бординг пас. Толку за европската безбедност.

Чиј (паркинг) е подолг?

Што може да направи еден градоначалник изнервиран што полицијата му оставила белешка со казна за погрешно паркирање?

Пиле на мајка

Без разлика колку родителот е уверен дека неговото дете е генијално, до 7 годишна возраст тоа има логика отприлика колку птиците.

Сезона на порно

Ако за време на пролетта и есента порното помалку ве интересира, не е до вас, не сте го надминале, само природно тогаш не му е сезона.

Како Шпиље, само поголемко

Пред некој ден проработеа сите генератори на кинеската хидроцентрала за чија изградба мораше да бидат преселени 1,4 милиони луѓе. Ѕверот создава електрична енергија колку 15 нуклеарни централи.

Како Шпиље, само поголемко

Пред некој ден проработеа сите генератори на кинеската хидроцентрала за чија изградба мораше да бидат преселени 1,4 милиони луѓе. Ѕверот создава електрична енергија колку 15 нуклеарни централи.

Ќарот на ситно

Авиокомпаниите минатата година заработиле 22,1 милијарда долари, и тоа од работи кои немаат врска со авионските карти.

Олимписки прасиња

Дел од Олимпијците, и тоа најслабите и најдобро градените што ќе ги видите на Игрите, на еден оброк јадат веројатно повеќе отколку едно африканско село.

Никој не сака во новиот Светски трговски центар

Откако конечно започна изградбата на кулата за Светскиот центар 3, целата работа е ставена на пауза бидејќи инвеститорот не може да најде кираџии.

Смартфонот од Кина

На крајот од 2011-та кинескиот производител Хуавеи беше на 7-то место кај смартфоните, сега е на 3-то. Кои се луѓето што ја претркаа Нокиа?

Нуклеарките горат од депресија

"Терористот" што запали американска нуклеарна подморница сред Америка е всушност 24-годишен дечко кој бил во депресија што девојка му го оставила и сакал порано да си оди од работа.

Скопје, обратно

Еве како изгледа буквалниот негатив на македонскиот главен град: кинески град димензиониран за еден милион жители а во него има само 30.000. Кога другите викаат: пустелија, скопјани викаат: раат.

Не е Бранко ама е коцкица

30-тите години на минатиот век звучат како романтичен период на родителството. Се имало и време и простор и сè што треба да им биде убаво на најмалите членови на семејството. А имало и изуми да им биде уште поубаво.

Мижам, не прекинувај!

Не се знае како на ова ќе реагира наставничкиот колегиум но затворањето очи е најефикасниот начин да се запомнат битни информации. Очекуваме студија која ќе потврди дека препорачаната доза мижење е 45 минути.

Дотком запеа против Обама

Газдата на блажeноупокoениот сервис Megaupload на Јутјуб лансираше песна која а) ги повикува Американците да не гласаат за Обама, и б) себе се споредува со Мартин Лутер Кинг. В и г се дека песната е тралалајка и дека богатството на Ким Дотком изнесува близу 200 милиони долари.

Олимпискиот зијан

Барселона е единствениот град домаќин на Олимпијада во последниве децении кој има видено каков таков долгорочен економски ќар од организацијата. Другото се е зијан.

Грција од американска перспектива

За Американците вака изгледаат работите: Грција успеа да ја заглави цела Европа и да ги чини ЕУ и ММФ 240 милијарди евра, со економија помала отколку економијата на Бостон.

Броени денови, како броени пари

Годишен одмор што никој не ти го брои, можеш да си го земеш кога сакаш и да ти трае колку сакаш, е една од најновите фори со кои врвните програмерски компании се обидуваат да ги задржат своите најдобри поединци.

Парите на раат, богатите на раат

21.000 милијарди долари, е сумата која моментално супер богатата глобална елита ја чува во без даночните држави, од типот на Кајмански острови и слично.

Торбата на Вознијак

Може вие мислите дека претерувате што носите лаптоп, таблет, дигитален апарат и мобилен кога одите некаде на пат. Грешка сте, таман сте. Чекајте да видите Стив Вознијак што има кај него во ранец.

Полот што повеќе лежи

Мажите се физички поактивни од жените, што многу и не им врши работа бидејќи жените и понатаму живеат подолго.

Некој ги труе владиците

Неколкумина епископи на украинската православна црква последниве недели биле пренесени во болница каде што им се најдени остатоци од арсен во крвта. Меѓу отруените е и претендентот за поглавар.

Дрес код за публика

Организаторот на Олимпијадата во Лондон успеа да достигне неочекувано апсурдно ниво на глупост, забранувајќи и на публиката носење на одредени брендови на алишта во Олимписките арени.

Падна и втората болест

Со сите пари што се вртат во медицината и лековите, со целото знаење што го поседуваат докторите низ светот, човештвото до сега успеа да искорени само една болест. Сега сме на пат да ја "скинеме" втората.