Од Картер Центарот (основан од Џими Картер) објавија дека по 26 години работа, конечно годинава ќе го искоренат и последниот случај на дранкукиаза на Земјата.
Од 1986-та, бројот на заболени од оваа болест е намален за повеќе од 99%. Од 3,5 милиони случаи на почетокот од проектот, на само пет од почетокот на 2012.
Оваа болест се пренесува само преку вода за пиење, а откако луѓето ќе го внесат паразитот, тој почнува да се развива во нивното тело, по што во ужасно болен процес излегува преку стапалото или ногата.
Инаку, првата искоренета болест се малите сипаници, кои последен пат биле пријавени во октомври 1977-ма.
Крис Рок за докторите и болестите