Математиката за организацијата на Игрите е таква што дури и во идеален свет во кој организаторите рационално би се однесувале, тие во најдобар случај ќе завршат на нула или со мал минус. Во пракса, домаќините не се рационални и завршуваат опседнати од приватните интереси кои ветуваат многу повеќе отколку што градовите можат да исполнат.
Пред игрите
Проблемот започнува со процесот за номинација, 10 години пред самата Олимпијада. Потенцијалниот организатор околу себе ги собира големите локални бизниси (како градежништво). Токму под нивен притисок, градот ветува многу повеќе отколку што се неговите финансиски способности. Од ова потенцијален корист имаат приватните бизниси, а градот останува да "крвави."
Најлошо е да победиш
Под претпоставка да победиш и да ја добиеш организацијата, веруваш дека архитектите ќе седнат и ќе го разгледаат планот на градот и ќе најдат начин на кој новата огромна инвестиција ќе придонесе кон долгорочниот развој на градот и неговото ширење. Само што не е така.
Најчесто, целата инфраструктура што се прави е сконцентрирана само на спортските настани на Игрите, без да се гледа кон иднината на градот. По Игрите, стадионите кои го зафаќаат најдобриот имот во градот, остануваат празни, бескорисни и чинат милиони долари за одржување.
Олимписки профит
Игрите чинат десетици милијарди долари (16 милијарди Атина, 40 милијарди Пекинг, 20 милијарди Лондон) а носат околу 5 милијарди долари. И покрај тоа што го тврдат промоторите, нема многу докази дека Олимписките игри се голема реклама за привлекување на туристи. А ако нешто се случи лошо, градот добива инстант лош публицитет. Плус, најголемиот дел од организаторите веќе се светски познати градови.