
Само 6-те најголеми авиокомпании во САД имаат приходи од 12,4 милијарди долари по основа на чекирање торби, пенали за презакажување на картата, ви-фи услуги и "продажба на милји" на кредитните компании.
На светско ниво сумата изнесува 22,1 милијарда долари што е 66% раст во споредба со пред само 2 години.
Дополнителните основи за приходи се привлечни за американските компании бидејќи на нив го немаат федералниот данок од 7,5% што е воведен за авионските билети.