"Велосипедистите, пливачите, маратонците и триатлонците, во просек трошат од 15 до 20 калории на минута, на врвот од тренинг сезоната тие вежбаат по 5 - 6 часа на ден. На овие тренинзи тие горат од 4 до 6 илјади калории, кои мора да бидат надоместени, ако саат пак да можат да вежбаат следниот ден," објаснува доктор Мајкл Џојнер од Мајо клиниката.
Нормалната вечера на овие спортисти е составена од: 450 грама паста со маслиново масло (800 калории), 12 јајца (840 калории), цела пица со кашкавал (околу 2.000 калории), пола кило сладолед (околу 1000 калории), плус пиво (по 150 калории од шише).
Еден од најголемите проблеми е што спортистите во потрага по потребните калории често посегнуваат по помалку хранлива, но високо калорична преработена храна, како Сникерс или чоколадни колачиња.
"Не можеш бескрајно да јадеш овес и тофу. Просечна порција овес има околу 150 калори, порција тофу има 175 калории, па ти пресметај. Мастите даваат 9 калории по грам, хидратите даваат 4. Значи овие масти се полни со енергија и се пожелни за изгладнетите спортисти, но не и ако сакаш да симнеш некое кило," објаснуваа професорката по медицина од Универзитетот Џон Хопкинс, Кери Стујарт.
И покрај се, слободата да јадат што сакаат е најмал проблем за тренерите.
"Имаме проблем да ги натераме спортистите да седнат и да јадат. Тие многу повеќе би сакале да спијат спијат," изјавила нутриционистката на Олимпискиот комитет на САД, Алиша Кендиг.