Весела вест за терористи

11 годишно момче од Манчестер нешто се спречкало со родителите па излегло од дома, отишло на аеродром и се качило во авион за Рим. Немало ни пасош, ни карта, ни бординг пас. Толку за европската безбедност.

Неколку луѓе се суспендирани од работа на аеродромот во Манчестер откако 11 годишен дечко без никаков проблем ги покажал сите безбдносни и процедурални дупки на аеродромските служби.

Дечкото не ни знаел каде сака да оди откако се скарал нешто банално со родителите па се качил во првиот авион кој полетувал. Одел за Рим.

Ги минал сите точки за проверка без да му побараат пасош, билет, бординг пас. Се мешал со другите патници и прошол. Случајот е откриен благодарејќи на некој друг патник во авионот кому му било сомнително што малиот патува без придружба од возрасен.

Со проверка на видео снимките, дополнително е утврдено дека процедурите и луѓето што ги спроведуваат кикснале на големо.

26 јули 2012 - 16:34