На прашањето на Гизмодо до ко-основачот на Епл, што носи во неговиот ранец, Вознијак им пратил слика на меил и листа со содржината. Ова е дел од опремата што Вознијак ја мкне со себе:
- Епл лаптоп,
- Киндл,
- Ајфон,
- Ајпад,
- преносна тастатура,
- неколку смартфони
- неколку Гембој Лајт (посебна верзија на Гембој)
- кабли за Гембојот
- блутут маус
- адаптери за струја
- картички (кредитни, за хотел, за авион, за хард рок кафе,)
- 4Г адаптери
- УСБ / СД кард адаптери,
- Апод Нано,
- еден куп батерии и полначи за батерии
- голем број УСБ кабли
- firewire хард диск
- моливи
- пенкала за потпишување на автограми
Како што објаснува, редовно користи се што има во ранецот единствено блутут маусот е на добар пат да стане вишок. Иако не го мерел, Вознијак проценува дека ранецот му тежи нешто над 22 килограми.