Во оваа сума е пресметан само кешот, парите што вистински се легнати на сметките, а не се сметаат недвижнините или другиот имот кој го поседуваат клиентите.
Бројката од 21 трилион долари, авторот на "The Price of Offshore Revisted," Џејмс Хенри, ја добива со собирање на податоците од Светската Банка, Меѓународниот монетарен фонд, Банката за меѓународни спогодби и владите низ светот.
Според Хенри, сумата од 21 трилион долари (што е еднакво на економијата на САД и Јапонија заедно) е доста конзервативна, и вистинската вредност е многу по веројатно дека се движи околу 32 трилиони долари.