Кејси Џејмс Фјури два пати подметнал пожар на подморницата УСС Мајами, додека таа била на пристаништето во Портсмут, Мејн. Првиот пат на 23-ти мај а потоа на 16-ти јуни. И во двата случаи крива била бившата девојка и неговата депресија.
Тој го подметнал пожарот за да може порано да си отиде од работа затоа што веќе не можел да седи. На истражителите им рекол дека на 23-ти "веќе не можел да ги издржи проблемите, па ги земал цигарите и запалката, отишол во една од просториите и запалил неколку стари крпи."
Овој пожар го гасеа цели 12 часа, а штетат што беше направена се проценува на 400 милиони долари.
Вториот пожар, Фјури го запалил по една смс преписка со бившата девојка, откако открил дека таа почнала да се гледа со некој друг. Тогаш земал неколку алкохолни марамчиња и ги запалил надвор од подморницата.
Ако биде обвинет по која било основа, тој ќе добие доживотен затвор и казна од 250.000 долари.
Инаку, Фјури бил вработен како молер.