Митрополитот Павел Лебед бил пренесен во облница во Киев каде што му предложиле операција но тој не и верувал на дијагнозата па бил пренесен во болница во Герамнија каде што е констатирано дека е отруен со арсеник.
Тој е претендент за поглавар на Украинската црква на Московската Патријаршија, активно е вклучен во политиката како пратеник на Партијата на регионите и е намесник на еден манастир кој и носи огромни приходи на црквата.
Отруени се уште неколкумина митрополити на Украинската автокефална црква, еден од нив за време на богослужба во Белорусија.
Отровот беше еден од најупотребуваните средства на КГБ против Руската задгранична црква која од болшевичката револуција делува од странство. Во 1985-та година, под неразјаснети околности почина нејзиниот поглавар, митрополитот Филарет Вознесенски.