Никој не сака во новиот Светски трговски центар

Откако конечно започна изградбата на кулата за Светскиот центар 3, целата работа е ставена на пауза бидејќи инвеститорот не може да најде кираџии.

Градењето е застанато на 8-от спрат од предвидените 80. По договорот со градот Њујорк, инвеститорот треба да престане да гради се додека не издаде под наем 37 илјади метри квадратни деловен простор или додека не собере 300 милиони долари приватни инвестиции.

На местото на поранешните Кули близначки е планирана изградба на 4 облакодери. Изградбата на 1 WTC треба да заврши во 2014-та, а зградата веќе е 55% дадена под наем на издавачот Conde Nast. За 2 WTC рокот на изградба повторно е ставен на неограничено, а градењето е прекинато по завршувањето на темелите и дотерувањето до улично ниво, бидејќи и за неа не може да се најдат кираџии. 3 WTC е заглавена на 8-от кат, со 0% изнајмен простор. 4 WTC треба да биде готова до 2013-та, и веќе 51% е изнајмена на најразлични владини агенции.

Инвеститор во втората, третата и четвртата зграда е Сиверстин пропертис, компанијата која во јули 2001-ва ја доби лиценцата за управување со Кулите близначки.

25 јули 2012 - 17:31