Дрес код за публика

Организаторот на Олимпијадата во Лондон успеа да достигне неочекувано апсурдно ниво на глупост, забранувајќи и на публиката носење на одредени брендови на алишта во Олимписките арени.

Претседателот на Организацискиот комитет за Лондон 2012, Себастиан Коу, најави дека на Олимпискиот стадион ќе им биде забранет влез на посетители доколку носат погрешен бренд, и сето ова за да се заштитат корпоративните спонзори.

Коу предупреди дека секој што носи Пепси маица може да биде вратен уште на влез или избркан, за да не се вознемири нивниот спонзор Кока Кола. Тој порачал дека веројатно ќе им биде дозволено на луѓето да доаѓаат во Најк тренерки и покрај тоа што Адидас е главниот спонзор. Сепак, на Олд Трафорд логото на Најк е избришано од сите можни столчиња на трибините на стадионот, а ги има 75.811.

Како што се наближуваат игрите, така расте и апсурдноста до која се оди во зачувувањето на брендовите. Па така, еден кафе-бар во Лондон мораше да ги растури 5-те гевреци наредени во форма на Олимписките кругови, а истото го направи и еден месар, кој круговите ги имал направено од колбаси.

21 јули 2012 - 17:12