Концептот на олимпискиот факел, составен од 204 поединечни огнови морал да добие одобрување дури и од премиерот Дејвид Камерон. Не многу заслужено, ама и Македонија ќе добие дел од него.
Организаторот на Олимпијадата во Лондон успеа да достигне неочекувано апсурдно ниво на глупост, забранувајќи и на публиката носење на одредени брендови на алишта во Олимписките арени.
Од 2007-ма, кога беше објавено, па до ден денес не престануваат критиките и сеирот за логото на Олимпијадата во Лондон. И понатаму број еден коментар останува она со Лиса Симпсон.
За 27 милиони фунти, организаторите на ЛОИ 2012. ќе добијат 10.000 волонтери, 30 овци, три крави и цел стадион претворен во "британски идиличен пејзаж," објави Дени Бојл соопштувајќи ги деталите за церемонијата на отворањето на Игрите.