Лондон ќе го буди Франкенштајн

Церемонијата за отворањето на Лондон 2012 е инспирирана од Кралицата на Англија (нормално), од Џемс Бонд (нормално) и од Франкенштајн (???).

Во интервјуто за Вог, Дени Бојл, одговорниот за церемонијата, најави дека гледачите ќе видат "прилично многу Франкенштајн" на отворањето на Олимписките игри.

"Нема да оживуваме мртви суштества, ама го искористивме Франкенштајн како сув тренинг за голем број идеи," изјави режисерот на Slumdog Millionaire.

Инаку, Франкенштајн е театарска престава што Бојл ја режираше во 2011-та.

На почетокот на годината беше откриено дека тема на церемонијата (која ќе чини 42,3 милиони долари) ќе биде "Островот на чудата," со која се укажува чест на драмата Бура, напишана од Шекспир.

На отворањето треба да има околу 12.000 учесници, плус Кралицата, Дуран Дуран, Стереофоникс и Дејвид Крег.

ЛОИ започнуваат на 27 јули.

31 мај 2012 - 11:50