Вести

Како млекар го преплаши Трамп од нуклеарна закана од Иран

Трамп и луѓето од неговиот најтесен круг се опседнати од заканата дека Иран би можел да активира нуклеарна бомба која би спржила сè што работи на струја во САД. Иако физичари објаснуваат дека Техеран нема оружје за електромагнетен пулс, Трамп со години е под влијание на предупредувања од њујоршки млекар, кој вложи милиони долари на лобирање и кревање паника.

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Британската економија создава стотици илјади нови работни места секоја година, но невработеноста на Британците сепак се зголемува поради увозот на евтина работна сила. Владите во континуитет не се грижеле за надградување на вештините, здравјето и изгледите за вработување на Британците и на тој начин го преоптовариле системот за социјална помош.

Европа се откажува од трката за ВИ

Европските влади и Брисел се повлекуваат од амбициозните намери да развијат сопствени напредни модели со вештачка интелигенција за да стекнат технолошка независност. Пресметале дека е попаметно напорите да се пренасочат кон новата политика: Европа не треба да поседува свои модели сè додека не може да ги стави во функција американските и кинеските.

Речник

Норвешката војска самата се шпионирала за Кинезите

Решавајќи логистички проблеми со транспортот на резервисти, норвешката територијална одбрана потенцијално доставила чувствителни снимки до Кина. На војници што учествувале на воени вежби им организирала превоз со изнајмени кинески автомобили со камери што снимаат сè наоколу. Членката на НАТО продолжила да ги користи дури и откако бил откриен пропустот.

Трамп турка нов мировен план за Украина

Дозволата што Трамп ѝ ја даде на Русија да извезува дизел, која го изненади Зеленски и предизвика бурни реакции од Европа, всушност е само дел од сеопфатен план за крај на војната во Украина. На Киев му се нудат безбедносни гаранции и пари за обнова на земјата, а Русија би добила енергетски проекти и долгорочен извоз на нафта и гас на европскиот пазар.

Тешко ќе може да се фати провалник со ДНК од воздух

Провалници и убијци прво мораа да ги прикриваат стапките, па отпечатоците од прстите, паднатите влакна, дури и микроскопските траги од ДНК оставени на површини на местото на злосторството. Засега не се загрозени од новите форензички методи кои овозможуваат да бидат откриени врз основа на траги од генетски материјал што го оставаат во воздухот.

Угоре, угоре, Калино моме

Можете ли денеска да се качите на планина (минимум 1.200 метри) па утре на друга, па задутре на трета... за после 365 дена да прокнижите вкупно 576 освојувања на врвови? Сејте мирни, пошто не можете ни вие ни ние, ние ќе пишуваме, вие ќе читате.

Каде згреши Базфид со досието за Трамп

Вчера попладне Си-ен-ен објави сторија дека разузнавачките служби им предале на Трамп, на Обама и на осум високи члена на Конгресот меморандум од две страници во кои се сумирани обвинувањата дека руски агенти имаат компромитирачки информации за Трамп. Си-ен-ен одлучи да не го објави меморандумот затоа што не можеше независно да ги потврди обвинувањата во него. Некаде по 18:00 Базфид влезе во приказната.

Без (алтернативен) срам и (природно) перде

Татко од Канада кој беше осуден затоа што го убил синот лечејќи го неговиот менингитис со бабини деветини, продолжува со семејниот бизнис за продавање "природни суплементи кои се вистинска алтернатива на фармацевтските производи".

Екстерно на британски начин

Исламистичко училиште во Велика Британија добило негативна оценка од надлежниот образовен инспекторат откако во ненејавена посета и тестирање установиле дека учениците не знаат ниту која е премиерка на земјата ниту која е Хилари Клинтон.

Кој последен ќе си оди, бар нека биде пристоен

Кога беа најавени изборите - овие одржаните, а не овие што допрва треба да се случат - Фејсбук го зафати нова "инфекција" на бесни и лути и оние фрустрирани кои рекоа дека ќе заминат што е можно подалеку од оваа земја. Затоа што кога заминувате од лични причини, тогаш се пакувате во тишина, но кога заминувате заради револт и сето она што не можете да го имате во оваа земја, тогаш дигиталното збогување, со оние огромни писма и пораки, не е невообичаено.

Европско со хепи-енд

Минатата година сред најголеми протести и палење на пола Париз и околина, во Франција започна европското првенство во фудбал. Иако организацијата далеку поевтина од парите што се даваат за Олимпијади, сепак целата работа ја чинеше Франција сериозни 200 милиони евра. Во тоа време драмата беше дали ќе се извадат парите.

Холандските возови шибаат 100% на ветар

Директорот на холандските железници се врза за ветерница и се заврте со неа за да прослави што нивните електрични возови почнаа да возат на чиста енергија. Директор во македонски железници веројатно би одбрал да го врзат за шина. Колку овде доцнат возовите, да се изнаживее.

Коњите или ИНА?

Маестрален одговор на вонсерискиот ерудит Синан Гуџевиќ на оние што му приговараат зошто не пишува за она што нив ги занима, а тоа е нешто „актуелно“. За сите оние ликови намножени по социјалните мрежи што ги занима само дневниот каталог на афери, пљачки и државни скандали, при што тоа го прогласуваат за „политичка свесност и ангажираност“, а секоја друга мисла или тема надвор од матрицата ги разочарува или им личи на спин и предавство. За оние што секој ден се занимаваат со сè, само за да не се познае дека не се занимаваат со ништо. МАЕСТРАЛНА ЛЕКЦИЈА!

Како лажните вести не му помогнаа на Трамп

Додека Русија е под здружен бараж од секоја можна американска разузнавачка агенција дека успеала да направи травестија од најголемата и најстабилна демократија на светот, и истата да ја уништи со наплив на вистини, некако спласна целата фама за лажните вести што помогнале во изборот на Трамп. Сепак Вокс наоѓа една интересна фалинка во целиот муабет околу лажните вести и нападите на Хилари.

Шуќур, им текна за алергиите

Со години родителите се советуваа да не им даваат високо алергенска храна на децата во нивната најмала возраст. Сега почнуваат години во кои ќе се советуваат да го прават комплетно обратното. Ќе се најде ли лек за шизофреничноста на науката?

Зошто европската десница е навлечена на Путин

Иако не станува збор за безрезервна љубов, ама на теми како имиграција, економска и политичка интеграција (ЕУ), муслимански радикализам, и противење на култура на либерализам и секуларизација, Путин речиси низ целата десница на ЕУ повеќе е доживеан како сојузник, отколку како закана.

Владите ветуваат работи што не се под нивна контрола

Економскиот патриотизам е научна-фантазија и начин на луѓето да им се всади идејата дека владите можат да направат нешто што всушност не зависи од нив ниту го контролираат, објаснува поранешниот италијански премиер Енрико Лета.

Јаху стана Алтаба, Мариса Мајер сменета

Откако Веризон го комплетираше купувањето на клучните бизниси на Јаху (меил-сервис, пребарувач и најразлични апликации) за 4,8 милијарди долари, она што остана од компанијата заедно со нејзиниот удел во Алибаба-групацијата и Јаху Јапонија, во иднина ќе го носи името Алтаба.

Сексот на рецепт ги подели Германците

Иако видоа дека Македонија веќе смисли субвенции за све живо и диво, германската партија на зелените сепак најде тема која ние сè уште ја немаме покриено - државата да плаќа за секс со проститутки. Е, тоа е клиентелизам.

Збогум пломби, добредојде Алцхајмер

Забните пломби би можеле да станат историја ако се потврди откритието кое звучи неверојатно: постоечки лек за Алцхајмер содржи нешто што ги поттикнува забите сами да заздравуваат и да си ги пополнуваат дупките.

Моментот кога непријателите на Трамп си ја "продадоа душата"

Пред помалку од 10 месеци спротивставувањето на Доналд Трамп беше еден од најблагодарните и патриотски потези што еден републиканец може да ги направи. И во тоа време голем број високопласирани републиканци не му премолчеа на кандидатот. Ама, дали пред, дали по изборите, добар дел од нив отидоа на бакни-рака кај новиот претседател на САД.

Зошто во Јапонија нема масовни пукања?

Јапонија има една од најниските светски стапки на злосторства сторени со огнено оружје. Само шест во текот на цела една година, наспроти 33.599 вакви случаи во САД. Во што е тајната?

Млади, ми идете на курац

Власта ги ебе на милион начини а тие или молчат и трпат и цнрчат или пак бегаат. Нашите клинци се кукавици, безмудаши, пизди. Единствено што знаат е да врескаат по фејсбук, да се закануваат со празна пушка, да потпишуваат петиции а потоа од старите да грабнат некоја илјадарка и да зашибаат накај странство.

50 години од The Doors

На 4 јануари 1967 година Дорс го објавуваат својот деби албум, именуван едноставно како и групата. Немаа баш многу среќа тие сo имиња, инаку како би се викале The Doors? Замислете го Морисон - најкреативниот меѓу нив - како еден ден им доаѓа и им вика: - Смислив име за групата! - Како? - Ќе се викаме Вратите! - Алал вера бе Џиме, како ти текнува!

Оклократија, или владеење на багра

Самата дефиниција на зборот објаснува дека се работи за владеење на народот, ама тоа никако не треба да се меша со демократијата, туку да се знае дека е нејзина деформирана форма. Дополнително, треба да се пази да не се помеша поимот "толпа" со поимот "мнозинство".

Порно бројките од 2016

Иако останува тоа дека никој не гледа порно, годинава само на Порнхаб се изгледани 91,8 милијарди (милијарди!) видеа. Сервисот стримал 99 гигабајти во секунда, или 3100 милијарди гигабајти во цела 2016.

Демократите немаат допир со реалноста

Додека секоја можна американска разузнавачка агенција гледа да си го истера меракот и да го оправда барањето поголем буџет за следната година шлепајќи се на "Русите го избраа Трамп" конвојот, Берни Сандерс ја смирува топката и бара од своите соборци демократи да се освестат и да прекинат да бидат без допир со реалноста.

Германија ќе дозволи само примерни џамии

Построги мерки против исламистичките трендови во Германија, што во пракса би значело затворање на сето она што се смета за исламистички џамии во земјата, е мерката што ја предлага вице-канцеларот Зигмар Габриел откако ИСИС ја презема одговорноста за нападот на Божиќниот пазар во Берлин.

Суверенитет знае да се продава како алва

Таму кај што не дозволуват уставот и законите, во игра влегуват парите. Неколку историски лекции за тоа како суверенитетот, на кој гледаме како на гранитна уставно - правна и политичка категорија, често пати бил третиран како обична стока за купопродажба.