Мит Ромни
Еден од првите сериозно високи републикански функционери кој поведе цело движење во рамките на партијата против тогашниот кандидат, меѓу другото нарекувајќи го "измамник", седна на вечера со Доналд Трамп во обид да ја даде својата поддршка за новиот претседател и да се понуди за позицијата Државен секретар. Не ја доби позицијата.
Крис Кристи
За време на партиските избори, гувернерот на Њу Џерси го нарече Трамп, "тенкокожец," "13-годишно дете" чии идеи "немаат никаква смисла". Неколку седмици откако Кристи се откажа од трката, тој, прилично шокиран, се појави на бина зад Трамп за да му ја даде својата поддршка на партиските избори.
Тед Круз
Трамп ја навреди неговата сопруга, него му извади прекар лажгото Тед, а татко му го обвини дека учествувал во атентатот на Кенеди. Тед Круз врати нарекувајќи го "ratfucker" и одбивајќи да го поддржи за време на говорот на Републиканската национална конвенција. Фаст-форвард неколку месеци, Тед Круз не само што побара од своите поддржувачи да гласаат за Трамп, туку и на телефон.
Реинс Прибус
Во 2016 претседателот на Републиканскиот национален комитет, фрлаше по Трамп со сè што имаше на располагање само за да спречи тој да стане кандидат на Републиканците. Откако Трамп победи Реинс застана до новиот претседател како негов шеф на кабинет.
Марк Рубио
Сенаторот од Флорида низ цела партиска трка беше исмеван од Трамп како "Малиот" Марк и "Испотениот" Марк. Тој од своја страна го возврати ударот започнувајќи ја фамата околу големината на дланките на Трамп. Откако се откажа од тркаа, на Рубио му требаа неколку месеци за да се помири, и "да му ја бакне раката" на републиканскиот кандидат. Рубио не можеше да се натера да ја даде својата поддршка за Трамп во живо на републиканската конвенција, па наместо тоа испрати видео порака која беше емитувана на конвенцијата.
Пол Рајан
Првиот човек на Претставничкиот дом на САД неколку месеци успешно држеше дистанца од Трамп, осудувајќи ги неговите изјави, па дури и откажа настап на еден негов митинг, по објавата на снимката од автобусот. Два месеца подоцна Рајан беше на бина со Трамп во Висконсин, фалејќи го како прв републикански претседателски кандидат кој успеал да победи во Висконсин по неколку децении.
Џејсон Чафетз
По објавувањето на снимката од автобусот, конгресменот од Јута изјави дека повеќе не може со чиста совест да го поддржи Трамп. По само 19 дена, тој се предомисли и повторно го поддржа Трамп.
Бен Карсон
Кога Трамп го спореди неврохирургот со педофил, Карсон одговори со "ќе се молам за него", што во речникот на Карсон е една од најголемите навреди. Меѓутоа од моментот кога се појави на сцена за време на митингот во Палм Бич, Карсон се претвори во еден од најконстантните поддржувачи на Трамп.