"Секако не дека го следат како што комунистичките партии го следеа Советскиот сојуз. Тоа е сосема погрешна претстава. Меѓутоа, ним им се допаѓа неговата сила, и она што тие го доживуваат како заштита на силните традиционални вредности, национализам и противење на Исламот," објаснува професорот по меѓународни работи на Универзитетот Џорџија, Кас Муде.
Процената е дека на сите овие "фронтови" Путин се позиционирал како заштитникот на конзервативните вредности. Прво во Чеченија, а сега и во Сирија тој може да се пофали дека поагресивно има удрено по муслиманските екстремисти отколку која било западна нација од војната во Авганистан до денес. Спротивставувањето на Путин на глобалните институции Ле Пен го поздрави како "модел за приоретизирање на националната независност во однос на меѓународната соработка и интеграција". По враќање на претседателската позиција во 2012, Путин се намести и како бранител на традиционалните општествени вредности, посебно противењето на геј правата.
"Наспроти овие заеднички приоритети, европските популистички партии речиси универзално го минимизираат значењето на дестабилизирачките потези на Путин, вклучувајќи ги и оние во Украина и анектирањето на Крим, како, во најдобар случај, грижи од втор ред. Најџел Фараж изјави дека иако упадот на Путин во Украина не бил оправдан, тој е разбирлив одговор на претерувањето на Западот.
'Украинската криза ја започна ЕУ која сакаше да ги прошири своите граници и да ја опфати Украина, што Путин го сфати како директна закана. Сега, моето гледиште за Путин и за Русите е не ја закачај руската мечка. Ако го направиш тоа, очекувај реакција'.
Ставот на Фараж е чест меѓу европските конзервативни популисти. Како што објаснува Муде, тие не веруваат дека Русија сака повторно да го воспостави СССР, туку дека Русија се брани себе си против глобализмот, и тие би сакале да ЕУ и НАТО да излезе од централна и источна Европа, меѓутоа тие не претпоставуваат дека Русија потоа би можела влезе да го пополни празниот простор," пишува Роналд Браунстајн во текстот за Атлантик.