"Салафистичките џамии мора да бидат забранети, заедниците мора да бидат расформирани, а проповедниците треба да бидат протерани што е можно поскоро.
Оние кои поттикнуваат насилство не можат да уживаат заштита на религиозните слободи," изјави лидерот на Социјал-демократите и германски заменик канцелар, Зигмар Габриел.
Во интервјуто за Шпигел, Габриел објаснува дека ако Германија сака да биде сериозна во борбата со исламизмот и тероризмот, тогаш тоа мора да биде и културолошка борба. Освен затворањето на џамиите ова според Габриел значи и "да не се запоставуваат урбаните области, селата да не бидат во депресија и луѓето да не стануваат се повеќе и повеќе радикализирани."
Забелешките на Габриел следуваат по маскарот на пазарот во Берлин, каде радикален исламист со камион влета во толпата луѓе убивајќи 12, а ранувајќи речиси 50 луѓе. За убиецот се покажа дека бегалец од Тунис, за кој се верува дека бил вплеткан во исламистички кругови. Тој исто така бил поврзан и со еден ирачки проповедник кој беше уапсен во ноември заради обид да регрутира борци за ИСИС.