Околу 600.000 Холанѓани кои секојдневно ги користат електричните возови, можат да бидат без грижа на (еколошка) совест бидејќи од први јануари 2017 година, тие возови 100 посто се напојувани од електрична енергија добиена од ветерници.
Холандските електрични возови се напојувани со 1,2 милијарди киловат часови годишно кои ќе ги добиваат од чист и одржлив енергетски снабдувач а веста е уште поимпресивна ако се знае дека Холанѓаните успеаа во ова цела една година пред рокот кој си го зададоа.
Иако се работи за чиста и обновлива енергија, со програми за енергетска ефикасност тие планираат дополнително да ја намалат потрошувачката на енергија која од 2005-та до сега е редуцирана за 30 проценти.
Холандските возови дневно обавуваат околу 1,2 милиони возења и огромно мнзинство од нив се електрични бидејќи бројот на дизел машините е безначаен.