Новото име е комбинација на зборовите „alternate“ и „Alibaba“. Прв човек на Алтаба ќе биде поранешниот член на бордот на Јаху, Ерик Бранд, а ќе му се приклучат уште 4-ца директори што моментално се во бордот на Јаху.
Она што остана од Јаху моментално поседува 15% од Алибаба-групацијата, кои во пазарна вредност изнесуваат околу 35 милијарди долари, како и 35,5% удел во Јаху Јапонија, Јаху кеш, и портфолио на патенти.
До сега првиот човек на Јаху, Мариса Мајер, ќе остане на чело на Јаху до затворањето на договорот со Веризон, по што таа ќе биде сменета од позицијата, но ќе остане во рамките на Јаху под Веризон.