Да не ги мислите, Французите ги извадија парите, и тоа според извештајот на министерството за спорт изнесува вкупен приход од 1,22 милијарди евра.
Сумата од приходот е поделена меѓу организациските трошоци на тимовите што учествувале во првенството, кои изнесуваат 569 милиони евра, и потрошувачката на над 610.000 странски туристи, која се проценува на околу 625 милиони евра.
Студијата спроведена од Центарот за спортски закони и економија, проценува дека странските посетители во просек трошеле по 154 евра дневно. 35% од оваа сума била за сместување, 30% за храна, 15% за превоз и 20% на купување и посети на најразлични локации. Во сумата не се земени предвид француските посетители на првенството.
Извештајот исто така проценува дека француската држава од првенството има заработено околу 75 милиони евра, од кои 70 се од ДДВ, или како што објаснуваат тие отприлика истите пари што Франција би ги заработила кога УЕФА не би била изземена од плаќање данок на 830-те милиони евра профит што ги направи од првенството.
Во одбрана на УЕФА, иако немаат платено данок, тие платиле 20 милиони евра за изнајмување на стадиони, 20 милиони евра за финансирање на културни проекти во градовите, и 5 милиони евра за фан-зоните.