Вести

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Речник

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Селма замина преку прозорецот

Селма Бориќ, жената по која е напишана прочуената песна на Бијело дугме, почина во Загреб во 92 година од животот. Веста за нејзиното заминување ја објави Жељко Бебек.

Фрејзлдрип, лудилото од завера што мутираше од Пицагејт

Во некои понормални времиња се зборуваше како во Вашингтон има целосно безлична пицерија во која се собираат Хилари и пријателите, од чисто педофилски побуди. Овој тумор од заговор низ годините прогресираше и се претвори во нешто што се вика Фрејзлдрип.

Бајден до Канада: Цркнете

„Кутар Џастин Трудо. На канадскиот премиер мора да му беше огромно олеснување што конечно се раатисал од Доналд Трамп, само за да дочека да сфати дека еден од приоритетите на Џо Бајден е да им порача на Канаѓаните да одат да јадат гурабии“, пишува колумнист на Бостон Хералд.

2020, годината кога снема графички картички

На општо изненадување голем дел од тие што седеа дома во 2020 имаа што да прават и без сите совети за олеснување на наметнатиот домашен притвор (градинарство, фитнес, учење...) - играа игрици, а за игрици треба графички картички.

Германските здравствени власти се против вакцинирање со АстраЗенека на лица постари од 65

АстраЗенека вакцината против ковид-19 треба да се користи само кај лицата на возраст од 18 до 64 години е препораката на германскиот комитет за вакцинирање.

Ерата на ехо-комори

Фактот дека медиумските стручњаци и репортери го предводат санитизирањето на сè што е различно и создаваат култура на едноумие е неверојатно морничав. Лошо е што довербата во медиумите е намалена, но уште полошо е што многумина од новинарската фела сметаат дека тоа воопшто не претставува никаков проблем.

Додека ние го откривме британскиот сој, по светот се шири јужноафриканскиот

Еден од специфичните соеви на ковид-19, оној кој за првпат беше откриен во Јужна Африка, станува еден од најбрзо растечките соеви на коронавирусот. САД пријавија два случаи и што е најлошо во приказната, ниеден од нив не патувал никаде. 

Правда за Трамп

Просторот на слобода некогаш беше заедничко и јавно добро, комунална катастарска единица. Тоа јавно добро денес е приватна парцела. Но, ако целата слобода на нашиот свет е тој тесен прозорец за 280 карактери на Твитер, јас, благодарам за понудата, од таа слобода со радост се отпишувам.

Бајден тргна со „Купувајте американско“

Еден од првите укази кои Џо Бајден ги потпиша се однесува на 600 милијарди долари годишни набавки на федералната влада кои ќе треба да бидат потрошени на стоки и услуги од американско производство. Владините коли, на пример, ќе мораат да бидат не само електрични, туку и американски.

Епл ги имаше сите пари на светот, па додаде уште 111 милијарди долари

За прв пат во историјата на Епл, компанијата успеа да собере над 100 милијарди долари (поточно 111 милијарди и 400 милиони) за точно три месеци. Па, кој сака нека честита.

Ковид тестирање, не благодарам

Може да се случи наскоро со радост да се потсетуваме (и ние и докторите) на времето кога тестовите за ковид-19 се правеа со забивање на тоа стапчето во нос, откако кинеските медиуми објавија дека имаат нов многу попрецизен метод на тестирање во кој брисот се зема - анално.

Германија ја купи ковид терапијата што ја прими Доналд Трамп

Може Меркел е алергична на сè што е поврзано со Трамп, ама тоа некако не важи и за терапијата која за неколку дена го крена поранешниот американски претседател од ковид-19 и го врати назад во претседателската кампања.

5Г може нема да дојде во вакцини, ама ќе дојде во кутии и ќе мора да ги имаш, сакал или не

Во повеќе дворови низ Хјустон периодов никнуваат големи кутии поставени од Веризон, кои не зрачат 5Г меѓутоа мора таму да стојат како логистика на постојната 5Г мрежа на телекомот.

За жените кои силуваат жени со своите пениси

Од кога чувствата на транс- насилниците станаа поважни од правата кои ги имаат нивните жртви?, прашува новинарката Џо Бартош која се занимава со правата на жените и децата. Работата станува комплицирана кога силувањето и натаму се одвива на стариот грозен начин, само што силувачот сега не се смета себе за маж. 

Една маска ко ниедна?

На една страна од светот (САД) експерти предупредуваат дека не само што најразличните шамии и текстилни маски не се доволни, туку треба да се носат најмалку две „обични“ маски. На сосема друга (Австрија) обичните маски не се признаваат како доволни и задолжителни ќе бидат само со минимум ФФП2 заштита.

Шкотите и Англичаните пијат, не се заебаваат

На најновата топ листа од 25 земји, Шкотите и Англичаните го држат врвот во пијанство, дефинирано како проблеми со рамнотежа и плеткање на јазикот. Балканските земји, се разбира, се вон конкуренција. Во Британија алкохолот е најмасовно користената супстанца а хероинот е на дното. Или можеби оние што се на хорс баш и не ги лази мува да пополнуваат онлајн анкети. 

Да не очекуваме ние премногу од вакцините?

Бразилските испитувања на кинеската вакцина покажуваат дека нејзината ефикасност е 50,4%. А кај вакцинираните постари лица во Израел, шансите за заболување се помали за само 33%.

Бадвајзер ќе ги паузира рекламите за Супер боул

Ајнхајзер-Буш годинава нема да пушти ниту една реклама за Бад во рекламните блокови на најголемиот спортски настан во САД. Наместо тоа парите што инаку би ги потрошил на реклами, ќе ги даде за зголемување на свесноста за вакцинација од коронавирусот.

Дебел и здрав не постои

Самата идеја е доста привлечна за секој дебел човек, дека ете иако е точно дека сите органи му се обвиени во сало сепак збирот на таквата реалност е дека тој е физички здрав. Логиката и науката велат поинаку.

Инцест, колку тоа француски звучи

Француската јавност се шокираше кога дозна дека „проминентен член на париската интелектуална елита“ сексуално го злоупотребувал своето тогаш 14-годишно посинето дете, па потоа се дошокира кога на социјалните медиуми се појавија стотици слични сведоштва под хаштагот #metooinceste.

Соединети држави на полициско насилство

Во склад со новоеруптираната позитива низ САД треба да се пофали полицијата дека во случајов ниту еден полицаец не застрела ниту еден црнец, но сепак викендов се случи инцидент кој треба да се спомене во кој полициски џип прејде преку толпа луѓе како трактор преку нива.

Се падна џек-пот од 1 милијарда долари

Не се знае на кого му се падна, ама се знае дека добитното ливче е продадено во бакалница во Мичиген, и дека е само едно и дека добитникот инстантно станува еден од најбогатите луѓе на светот.

Лошaта Танзанија, наивната ЕУ и глупите

Лошите власти во Танзанија успеала од наивната Европска унија да искамчат 27 милиони евра за борба против ковид. Ковид речиси и да немале а и од тоа што го имале, Господ ги имал спасено. Добро, ама кои се глупите?

На Гугл му е полесно да ја блокира Австралија отколку да работи коректно

Доколку Австралија одлучи да го спроведе законот според кој Гугл ќе треба да им плати надомест на медиумите од кои заработува пари, Гугл ќе одлучи комплетно да се повлече од целиот континент.