Се падна џек-пот од 1 милијарда долари

Не се знае на кого му се падна, ама се знае дека добитното ливче е продадено во бакалница во Мичиген, и дека е само едно и дека добитникот инстантно станува еден од најбогатите луѓе на светот.

Милијарда долари вредната комбинација е: 4, 26, 42, 50, 60 и Мега бол бројот 24. Шансите за потрефување на бројот е 1 спрема 302,5 милиони.

Стандардно останува на добитникот да бира дали наградата ќе ја подигне на рати во период од 30 години, или ќе се реши за топтан сума, во случајов 776 милиони долари (минус неколку стотини долари за даноци).

Милијардата (и кусур) беше генерирана по 37 последователни кола без да се падне главната награда.

Кој и да ја добил нема да може да се раатиса од роднини и пријатели, бидејќи законите на Мичиген предвидуваат дека добитниците на награди на сојузни лотарии не може да останат анонимни и мора да излезат во јавност.

Два дена пред оваа награда во Мериленд некој освои џек-пот на Пауербол од 731 милиони долари.

Инаку, до сега најголемиот џек-пот во историјата се падна на почетокот од 2019 во Јужна Каролина и изнесуваше 1,5 милијарди долари.

25 јануари 2021 - 09:45