Кинески Глобал Тајмс, разговара со тамошни доктори кои се поборници за анално земање брис, бидејќи „коронавирусот подолго време преживува во анусот и во изметот отколку во примероците земени го горниот тракт на телото“.
Овој метод на тестирање веќе се применува за лицата што се во карантин во Пекинг и во дел од тамошните училишта.
Процедурата трае околу 10 секунди, а се уште не е независно потврдено дали методот е поефикасен од досегашното стандардно земање брис.
Австралискиот Еј-би-си њуз објавува дека ваквите тестови се користат и вон Пекинг, главно на лица кои се во карантин и тоа паралелно со стандардните тестови за ковид-19.
Како што ќе каже др. Санџај Сенанајаке за Еј-би-си њуз „Не сум сигурен што точно сакаат да постигнат со сите тие анални земања брис“.