Лошaта Танзанија, наивната ЕУ и глупите

Лошите власти во Танзанија успеала од наивната Европска унија да искамчат 27 милиони евра за борба против ковид. Ковид речиси и да немале а и од тоа што го имале, Господ ги имал спасено. Добро, ама кои се глупите?

Властите во Танзанија чешаат глави како да ѝ објаснат на ЕУ на што ги потрошиле 27-те милиони евра кои биле земени од солидарниот фонд на Унијата за борба против ковид-19.

Парите требало да бидат потрошени за набавка на заштитна опрема, тестови па дури и развој на вакцина иако државата нема издадени речиси никакви официјални бројки за обемот на проблемот со заразната болест во земјата.

Уште во мај лани, претседателот Џон Магафули (го викаат Булдожерот) прогласи официјален крај на пандемијата во Танзанија и порача луѓето да продолжат со нормален живот, без маски, без ништо.

Дали парите на ЕУ помогнале во тоа?

Не баш. Магафули објасни дека кризата ја решил Господ кој ги услишил молитвите на нацијата.

„Короната не може да живее во телото на Христа, ќе изгори!“ епидемиолошки објасни претседателот кој има забрането патувања во странство, политички митинзи, трудни ученички и директни преноси од парламент.

Во ноември, земјата сигнализираше дека не планира да користи ничија вакцина против ковид-19 туку дека наместо тоа, ќе се фокусира на локални тревки за заштита од болеста.

„Не планираме да увеземе вакцина бидејќи нашите здравствени експерти и науници изведуваат клинички испитувања на ефектот на локални билки против болеста,“ изјави портпаролот на министерството за здравство.

Танзанија е земја со 60 милиони луѓе и има регистрирано само 509 заболени од ковид и 21 смртен случај од почетокот на пандемијата. Тие и такви успеале да земат 27 милиони евра од педантната ЕУ.

А бидејќи во најавата спомнавме некои глупи, наместо да трошиме илјада зборови, за нив само една слика:

24 јануари 2021 - 12:58