Бајден до Канада: Цркнете

„Кутар Џастин Трудо. На канадскиот премиер мора да му беше огромно олеснување што конечно се раатисал од Доналд Трамп, само за да дочека да сфати дека еден од приоритетите на Џо Бајден е да им порача на Канаѓаните да одат да јадат гурабии“, пишува колумнист на Бостон Хералд.

Новиот американскиот претседател веднаш го укина нафтоводот Keystone XL, потег кој се оценува како безумен и економски штетен а воден единствено од желбата да се задоволат климатските фанатици во редовите на Демократската партија. 

Се работи за проект вреден повеќе милијарди и е во четвртата фаза на енергетското спојување на Алберта со Небраска, „во една наивна верба дека двете блиски и пријателски држави можат да соработуваат на голем инфраструктурен проект од обострана корист“, пишува Рич Лоури.

Но, во меѓувреме Кистон Икс Ел стана еден од омилените тотеми за мразење на новата левица, кому му се припишуваа апокалиптични ефекти за иднината на планетата.

Така овој мега проект чија големина бара стабилност во донесувањето одлуки, уште еднаш се фати во партискиот пинг-понг на американските администрации: Обама во 2015 дигна рачна за негово минување преку границата, Трамп подоцна ја спушти за сега Бајден повторно да ја дигне. 

Нејасно е зошто овој конкретен ракав од постоечката мрежа се смета за толку ужасен еко-криминал ниту пак како е тој особена закана за земја која веќе има милиони километри нафтоводи.

Главното обвинување е дека Keystone XL ѝ олеснува на Канада да ја извезе валканата нафта од битуменските наоѓалишта во Алберта. Меѓутоа, САД веќе трошат огромни количини од истата таа нафта бидејќи 97 % од резервите на Канада се лоцирани токму во тие наоѓалишта.

TC Energy Corp, компанијата која стои зад Keystone XL излезе со проценка дека одземената дозвола значи откажување од 11.000 работни места кои ќе беа отворени за Американците а ќе земаа плати од две милијарди долари, тврдења кои факт-чекери на Фејсбук делумно ги оспорија наведувајќи дека главно станува збор за времени работни ангажмани.

 

.

29 јануари 2021 - 12:25