„Вмровска“ кампања во Белата куќа

Бајден тргна со „Купувајте американско“

Еден од првите укази кои Џо Бајден ги потпиша се однесува на 600 милијарди долари годишни набавки на федералната влада кои ќе треба да бидат потрошени на стоки и услуги од американско производство. Владините коли, на пример, ќе мораат да бидат не само електрични, туку и американски.

Американскиот претседател вети дека куповната моќ на американската влада - која поединечно е најголемиот светски купувач на стоки и услуги - ќе биде искористена за поддршка на американското производство.

Бајден потпиша извршна уредба со која се затвораат дупки во постоечките провизии за „Купувајте американско“ а се однесуваат на околу 600 милијарди долари во стоки и услуги кои федералната влада ги набавува секоја година.

„Во ниеден момент не сум помислил дека американската мануфактура е дел од минатото. Таа беше сериозен арсенал на демократијата во Втората светска војна а сега мора да биде дел од моторот на американскиот просперитет,“ изјави Бајден.

Тој ги потврди плановите актуелната флота на федерални возила да биде обновена со електрични автомобили од американско производство што го смета како дел од планот за ревитализација на домашната економија.

Американската мануфактура претставува 12% од економијата на САД.

28 јануари 2021 - 10:16