Шкотите и Англичаните пијат, не се заебаваат

На најновата топ листа од 25 земји, Шкотите и Англичаните го држат врвот во пијанство, дефинирано како проблеми со рамнотежа и плеткање на јазикот. Балканските земји, се разбира, се вон конкуренција. Во Британија алкохолот е најмасовно користената супстанца а хероинот е на дното. Или можеби оние што се на хорс баш и не ги лази мува да пополнуваат онлајн анкети. 

Проблемот на Велика Британија ао алкохолот е поголем отколку кој било друг проблем со злоупотреба на дроги. Бројот на млади лица под 25 години кој завршиле во болница заради пијанство е повеќе од двојно поголем од светскиот просек.

Од вкупниот број испитаници, 94% рекле дека во последната година имале блиски средби со алкохолот додека оние кои прибегнале кон хероин се само 2,3%. Се работи за глобална онлајн сондажа во која земале учество преку 110.000 луѓе а таргетирани се оние кои веќе имале искуство со опијати.

Во просек, луѓето во Шкотска и Англија годишно се прават крш 33 пати што е највисока стапка од сите 25 земји а е двојно поголема од некои европски земји како Полска, Унгарија, Германија, Грција, Шпанија, Италија и Португалија. Глобалниот просек е 20 пати годишно, најмала пријавена бројка има Колумбија во која човек годишно се прави гипс само 6,5 пати.

Само 7% од испитаните Шкоти и Англичани немаат пробано капка алкохол во последните 12 месеци. Кај Данците и Австралијанците, такви се 5%. 

Од извештајот да ја издвоиме и корелацијата меѓу пиењето и каењето која е уверливо обратнопропорционална. Англичаните пијат најмногу и најмалку се каат за тоа (31%), додека Колумбијците (оние со 6,5 пати годишно) се шампиони во „не пијам веќе“ со 88.3% покајници.

повеќе

26 јануари 2021 - 13:34