Германските власти објаснуваат дека моментално „нема доволно податоци за да се утврди ефикасноста на вакцината кај лицата постари од 65 години.“
За сега ЕУ има дадено зелено светло за вакцините на Бионтеч/Фајзер и на Модерна, а деновиве допрва треба да се изјасни и за АстраЗенека. Интересот на ЕУ порасна за последнава вакцина откако им изби курцшлус во набавката на првите две.
Инаку истиот комитет, објасни дека освен старосната граница препорачана за АстраЗенека, сите три вакцини се идентично корисни за употреба.
Од АстраЗенека го негираат тврдењето дека нивата вакцина не била доволно ефикасна кај лицата над 65 години, објаснувајќи дека имаат помалку податоци околу оваа старосна група само затоа што подоцна почнале да ги вакцинираат.