Препораката на американските доктори за 2 маски е по снова дека ставени една врз друга тие нудат речиси иста заштита како Н-95 маските.
Медицинскиот уредник на Си-би-ес, др. Дејв Хнида, посочува на Џо Бајден и тренери од НФЛ, кои се забележани како носат по две маски во јавност.
Според него, треба да се запре на две, бидејќи „три маски е претерување, и може да пречи на неговата способност да дише.“
На оваа страна од Атлантикот, Австрија стана првата држава која го крена нивото на квалитет на маските, па во иднина за сите над 14 години ќе биде задолжително да носат маски со ФФП2 ниво на заштита.
Во исто време останува данската студија од пред неколку месеци, според која немало некој голем ќар од носењето маски.