Да не очекуваме ние премногу од вакцините?

Бразилските испитувања на кинеската вакцина покажуваат дека нејзината ефикасност е 50,4%. А кај вакцинираните постари лица во Израел, шансите за заболување се помали за само 33%.

Клиничките тестирања на кинеската вакцина во Бразил покажале ефикасност од 50,4%, едвај над долната границата која е потребна за издавање употребна дозвола на вакцината.

Бразилскиот институт кој ги изведува тестирањата, минатата недела соопшти дека кинеската вакцина има ефикасност од 78% во рангот од умерени до жестоки случаи на ковид-19. Но, подоцна појаснија дека во калкулациите не се вметнати „многу умерените инфекции“. Кога и тие ќе се стават во равенката, се доаѓа до процентот од 50,4%.

Од Универзитетот Бутантан сепак нагласуваат дек вакцината е 78% ефикасна во превенирање умерени случаи за кои би била потребна медицинска нега и 100% ефикасна во спречување умерените случаи да се развијат во жестоки компликации.

Кинеската вакцина е од типот таканаречен неактивирани вакцини кои содржат мртви делови од вирусот кои се внесуваат во организмот за неговиот имунолошки систем да се запознае со непријателот и да изгради одбранбен механизам. Фајзеровата вакцина е резултат на далеку понестандардна технологија бидејќи се темели на внесување на информациона РНК која содржи своевидно упатство за изградба на антигени, протеини кои го провоцираат одговор на имуно-системот.

Истражувачи во Израел, државата која е апсолутен глобален шампион во вакцинирањето, минатата недела соопштија дека шансите вакцинирани лица да бидат позитивни на на SARS-CoV-2 се една третина помали отколку кај оние кои не се вакцинирани.

Во прелиминарната анализа на 200.000 лица постари од 60 години кои ја примиле вакцината, во споредба со исто толкав број лица од истата возрасна категорија кои не се вакцинирани, разликата во ризикот е 33%.

26 јануари 2021 - 13:00