Варијантата позната како B.1.351 се појавила во два случаи во Јужна Каролина. Фактот дека првите регистрирани пациенти немаат патувано надвор од земјата говори за тоа дека овој сој досега се ширел по државата без да биде регистриран.
Претходно во САД стигнаа и варијантите од Бразил и Велика Британија кои се позаразни од оригиналниот сој на коронавирусот. Заради ова, главна тема на истражувачите сега е да се дознае дали новите варијанти се поотпорни на вакцините кои се дистрибуираат по (некои делови од) светот.
Прелиминарни студии на фармацевтскиот гигант Модерна сугерираат дека јужноафриканската варијанта навистина е поотпорна на вакцината но велат дека заради тоа развиваат нова верзија на вакцината за која веруваат дека ќе успее да ја контролира заразата.
Американските здравствени власти велат дека иако новооткриената варијанта се шири побрзо од оригиналот, во моментов не постојат докази дека таа предизвикува и пожестоки форми на болеста.
Досега, јужноафриканскиот сој е регистриран во 30 земји во светот.