Вести

ЕУ забранува лажни „зелени“ етикети

Зелената агенда на Европската Унија поттикна бран лажни рекламирања на производи, услуги и проекти како „еколошки прифатливи“. Брисел конечно ја забранува оваа тактика на зелено перење мозоци (greenwashing) на потрошувачите. За да залепат етикети „еко“ или „био“, компаниите ќе мора да приложат докази дека производите навистина се еколошки.

Флорида го тужи Фајзер за ковид вакцините

Главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер, поднесе тужба против Фајзер и неговиот извршен директор, Алберт Бурла, обвинувајќи го фармацевтскиот гигант дека ги довел во заблуда потрошувачите во врска со безбедноста и ефикасноста на неговата вакцина против ковид-19. Бара да им се плати отштета на луѓето а компанијата да го врати профитот.

Со цигари се откажуваат од вејпање

Тутунската индустрија ги промовираше вејповите и електронските цигари како помош за пушачите да ја надминат зависноста од никотин и да ги баталат цигарите. Трикот успеа и многумина од младите се навлекоа на „помалото зло“ за здравјето. Барајќи начин како да се откажат од зависноста, сè почесто посегнуваат по „одвратните цигари“.

Речник

Младината од ридовите граба палестински територии

Масовниот напад врз палестинско село на окупираниот Западен Брег го сврте вниманието кон новата и понасилна генерација израелски доселеници. Подемот на политичари што ја застапуваат идеологијата за протерување на Палестинците, на чело со министерот за финансии Безалел Смотрич, им овозможи легитимитет, финансирање и заштита на младите окупатори.

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Ако веќе не можат да го спречат шверцот и консумирањето наркотици во затворите, канадските власти ќе се потрудат барем да го направат дрогирањето „поздраво“. На затворениците ќе им достават хартиени цевчиња за да можат хигиенски да шмркаат дроги и фолии за виткање цигари. Опозицијата остро го критикува проектот и бара нулта толеранција за дроги во затворите.

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Откако Трамп лани му даде задача да ги скрати непотребните владини трошоци, а потоа го откачи, Илон Маск се враќа на служба во владата, овој пат како шеф на проектот за трасирање на иднината на војувањето. Хегсет, во меѓувреме, ќе настојува да ги построи војниците и да направи чистка меѓу генералите според принципот „помалку кловнови – повеќе каубојци“.

Западот сака да воведе „државна цена“ за руската нафта

Цената на руската нафта што се продава на Западот треба да биде ограничена на меѓу 40 и 60 долари за барел, и на тој начин да се стави крај на финансирањето на руската војна во Украина. Барем така планира Западот.

На Украина и треба победа пред есен

Со повлекувањето на украинската армија од Лисичанск, за да избегне опколување, по три месеци војна падна цел Луганск, со што се оствари една од целите на Путин. Сличен ваков триумф и е неопходен и на Украина и тоа што е можно поскоро, ако сака да го задржи вниманието и наклонетоста на Западот.

Франција го национализира своето Електростопанство

„Мораме да имаме комплетен суверенитет во пресрет на огромните енергетски предизвици кои нè чекаат“, порача француската премиерка во нејзиниот прв говор во парламентот и најави дека државата планира да стане 100 процентен сопственик на електрогигантот ЕДФ.

Што е сега итноста за вакцинирање мали деца против ковид?

Ковид во 2020 очигледно беше здравствена нужност за возрасни. Наспроти тоа, итноста денес многу наликува како да е политичка.

Еј Џо, ги слушаш ли Стоунси?

Кој никогаш не ги слушал Ролинг Стонс во живо, тој не знае ништо за животот, затоа предлагам државата веднаш со ваучери да го субвенционира одењето на нивните концерти, иако се плашам дека за оваа сезона веќе е доцна. Сите билети се распродадени. Сеедно, ќе свират тие вечно.

Тажната вистина е дека Путин ја добива економската војна

Постојат лоши политики, и постојат стварно лоши политики. Се прашував кога ќе се појави идејата за воведување на контроли на цените како средство за спречување на инфлацијата, и ете ја, се појави на последниот самит на Г7 лидерите.

Источниот фронт е „пекол на земјата“

Изгорени шуми и градови запалени до темел. Соборци без екстремитети. Бомбардирања кои се безмилосрдни што единствена опција што ја имаш е да лежиш во ров и да се молиш.

Германија сака да ја гледа Украина таму каде што е, вон ЕУ

Додека Украина ја китеа со кандидатскиот статус, Германија по приватни канали барала целосна измена на клучните спогодби за функционирање на ЕУ, стравувајќи дека членството на Украина ќе биде погубно за германската доминација во Унијата.

Кој купува руска нафта и гас?

Статистиката за Русија за првите 100 дена војна во Украина е приходи од 97 милијарди долари. Или 977 милиони долари на ден, без разлика дали било работен, викенд или празник.

ЕУ не може да ги најде пораките со кои се договорени 1,8 милијарди Фајзер вакцини

Фајзер и ЕУ имаат договор за снабдување на 1,8 милијарди вакцини против ковид, кои биле договорени по пораки, и кои пораки Фон Дер Лајен повеќе од 6 месеци никако не може да ги најде.

Гнасната тајна на зелената енергија

Електричните возила се продаваат како зелена варијанта на бензинот/дизелот, како најголемиот дел од струјата да се произведува од планински ветар, а не од јаглен и нафта. И без разлика на тоа, далеку е поголема лагата што се кажува за батериите за електричните возила.

Што вика Иван исцелителот, ќе дојдеме ли и ние на ред?

Еден самоопрогласен пророк од Уганда им понуди зрак надеж на делот суеверни и лекомислени негови сограѓани. Им кажа дека Господ го има земено кај него на неколку часа и тогаш му има ветено дека планира сите луѓе од Уганда да ги пресели на некое посреќно место. Ако е така, нефер е први да бираат.

Западот пати за Украина, ама долговите остануваат да се плаќаат

Украинските власти бараат начини како да го преструктуираат долгот што го имаат кон светски финансиски институции, затоа што се сред војна и ем немаат пари, а и тие што ги имаат за друго им се планирани.

Четвртина од Американците со оружје би се кренале против Владата

Повеќе од една четвртина од Американците се чувствува толку отуѓена од својата влада што чувствуваат дека можеби „наскоро би било неопходно да земат оружје во рака“ против нејзе.

Британците имаат помалку од 100 дена да потрошат 14 милијарди фунти во стари пари

Банката на Англија им даде фора на сите Британци до крајот на септември да ги потрошат сите стари хартиени банкноти со вредност од 20 и 50 фунти. По 30-ти септември овие банкноти го губат статусот на легално платежно средство.

Украина има изгубено повеќе војници отколку што Британија има вкупно пешадија

Британската армија во 2021 има вкупно 18.000 припадници на пешадијата. За четири месеци војна, Украина има повеќе загинати војници.

Важи ли забраната за абортус и за ин витро?

Советскиот сојуз уште во Лениново време стана првата модерна држава во која абортусот беше легализиран. Актуелната Америка сега е на сосема другиот крај од приказната, притоа, со некои нови дилеми: ако двојка реши да не искористи оплодена јајце клетка која се чува во фрижидер, дали е тоа убиство?

ОПЕК треба да признае дека нема од каде да извади плус нафта

Една од неочекуваните последици од нафтениот зорт што настана од војната во Украина е што би можело да се открие дека најголемите производители на нафта од ОПЕК  всушност ги немаат капацитети за производство на нафта на кои целиот свет се надеваше а тие ги промовира.

Доаѓаат „пандемиски бебиња“ со крш имунитет

Австралија и Нов Јужен Велс регистрираат десеткратно зголемување на „пандемиски бебиња“ кои заради респираторни компликации мора да бидат одведени на интензивна нега. Британски медиуми пишуваат таквите бебиња на светот доаѓаат со недоволно развиен имунитет.

 

Олаф „30 илјади евра месечно“ Шолц

Од почетокот на следната недела се покачуваат платите на германските парламентарци и еден дел од Владата кој го вклучува и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Москва и Пекинг возвратија на шамарите од НАТО

На самитот на НАТО во Мадрид Русија е маркирана како „директна закана“ а Кина како „сериозен предизвик“. Пекинг порача дека НАТО е тој што прави проблеми а Путин возврати „ок, ќе играме како што играте вие“. А НАТО игра така што дури осумкратно ќе ги зголеми силите за брза интервенција. 

Холандија блокирана заради претерување со зелена агенда

Холандската влада го објави планот за намалување на загадувањето со азот за 70% до 2030 година. Холандските земјоделци објавија дека никој во Холандија нема никаде да мрдне дур не се повлече овој план.

НАТО е во своја кожа: Влегуваме во Студена војна

Блоковска поделеност и Студена војна се природна атмосфера за НАТО и суштина на неговото постоење. Алијансата сега фрла око и на Кина, а на самитот во Мадрид се цртаат новите борбени линии кои ќе траат со генерации. Само што денес светот веќе не ја купува приказната дека се работи за глобална борба за слобода.

Гугл и Епл треба да го избришат Тикток затоа што шпионира Американци

Личните податоци на милиони американски корисници на Тикток се собираат и обработуваат од Кина, заради што двете најголеми мобилни платформи треба да ја избришат апликацијата од своите продавници.