Бројките се базираат на податоците на Центарот за истражување на енергијата и чист воздух (ЦРЕА), според кого во овие 100 дена најголем увозник, севкупно, е Кина.
По категории Кина е и најголем увозник на нафта, додека најголем увозник на гас е Германија. За сега Кина не е нешто посебно голем увозник на гас, па дури и Бугарија има поголем увоз на гас од Русија од нив.
Кина ја губи доминантната позиција ако европските држави ги мериме како ЕУ, на која отпаѓаат 61% од целиот извоз на руски енергенси во првите 100 дена од војната.
На ранг листата на држави кои ја намалиле својата зависност од руски енергенси на прво место е САД кој 100% скрати увоз на каква било руска нафта или гас. На второ е Шведска со 99%, а на трето Литванија со 78. На ниво на ЕУ, Унијата ги има намалено нарачките од Русија за 16%.