Москва и Пекинг возвратија на шамарите од НАТО

На самитот на НАТО во Мадрид Русија е маркирана како „директна закана“ а Кина како „сериозен предизвик“. Пекинг порача дека НАТО е тој што прави проблеми а Путин возврати „ок, ќе играме како што играте вие“. А НАТО игра така што дури осумкратно ќе ги зголеми силите за брза интервенција. 

Кус преглед на поенти од самитот на која покана формална покана за влез во Алијансата добија Финска и Шведска.

Путин вети реакција. Рускиот претседател предупреди дека соодветно ќе одговори ако нордиската двојка држави примат војници и воена инфраструктура од НАТО. Рече дека Русија ќе биде принудена да „создаде исти закани за териториите од кои кон неа се креираат закани.“

„Ништо ново“ од Русија. Естонската премиерка Каја Калас рече дека заканите од Путин не се ништо ново. „Се разбира, очекуваме некакви изненадувања од Путин но се сомневам дека директно ќе ги нападне Шведска и Финска,“ рече таа. „Сигурно ќе видиме сајбер-напади, ќе видиме хибридни напади, во тек е информативна војна. Но не верувам и конвенционална војна.“

Кина: НАТО е оној кој прави проблеми. Кина ја обвини Алијансата дека малициозно ги напаѓа и ги валка. „Тие повторуваат дека други земји се предизвик и провокација а всушност НАТО се оние кои прават проблеми по светов.“

Ако Украина падне, „сите се следни“. Украинскиот претседател кој на самитот му се обрати преку видео линк побара НАТО да испрати модерни артилериски системи и секакво друго оружје и рече да му помогнат на Киев или да се соочат со „продолжена војна меѓу Русија и вас.“ „Кој е следен? Молдавија? Балтикот, Полска? Одговорот е: Сите“, рече Зеленски. 

Бајден ја билда американската присутност во Европа. Американскиот претседател најави сериозно зголемување на нивната воена присутност на стариот континент, вклучувајќи постојана база во Полска. Планираат да имаат 100.000 војници во Еропа.  

Силите за брза интервенција драматично се зголемуваат. Се планира речиси осумкратно зголемување на нивниот број: од 40.000 сега на 300.000 следната година.

НАТО усвои нов стратешки концепт. Самитот во Мадрид за НАТО е трансформативен. Во последниот стратешки концепт од 2010 година Русија се означуваше како „стратешки партнер“ а Кина не се ни спомнуваше. Сега тие се директна закана односно предизвик за глобалната стабилност.

******

Повеќе за стратешките промени во НАТО во статијата „НАТО е во своја кожа: Влегуваме во Студена војна“ 

30 јуни 2022 - 14:53