Без разлика на спороста и жртвите со кои Русите доаѓаат до своите победи, сепак нивната граница секојдневно се помрднува се подлабоко во украинска територија.
Надежта за Украина сега е во регионот Херсон, каде украинските сили неколку недели со ред враќаат парчиња од својата територија, а според одредени извештаи веќе и градот Херсон им е во видик.
Сомнежот тука е дали Украинците ќе можат да соберат доволна концентрација на војска и оружје, неопходна за одлучен удар на Херсон.
„Сето ова е клучно за уште поважната битка за меѓународното мислење.
Победа на украинската офанзива ќе се смета за рехабилитација на политиката што ја туркаат Британија, Полска и - за сега- администрацијата на Бајден во САД.
На кратко, дека Украина мора да победи во војната и дека Западот мора сè да направи за да и помогне во тоа.
Ако овие напори се одржат, украинската победа на долг рок речиси е неизбежна. Русија не може да произведе повеќе од Западните економии.
Меѓутоа има многу влијателни гласови во западните престолнини - посебно во Вашингтон, Берлин и Париз - кои веруваат дека западната поддршка за Украина е излишна.
Можеби армијата на Путин е испразнета. Можеби таа се потпира на луѓе и оружја од 1960-те. И да, можеби тие скапо платија за секое метро земја.
Меѓутоа Русите се уште напредуваат а Украинците се уште се повлекуваат.
Со исклучок на руското повлекување од Киев во март и од Харков во мај, сите битки речиси целосно завршија во корист на Русија.
Во Мариопул, Северодонецк и сега Лисичанск, супериорните руски бројки преовладаа. А бомбите повторно стигнуваат до предградијата на Харков.
Се додека украинската армија не почне да опколува Руси, самопрогласените реалисти и понатаму ќе бидат окуражени, а нивните повици за примирје и спогодба со Москва ќе добиваат на влијание во западните влади.
На Украина и треба победа - и тоа што е можно побрзо,“ пишува Роланд Олифант во текстот за Телеграф.