- Аеродромот во Михнен ноќеска беше затворен неколку часа поради надлетувања од неидентификувани беспилотно летала.
- Поради идентични закани во изминатите две недели беа блокирани и аеродромите во Копенхаген и во Осло. Не е потврдено дали надлетувањата се координирани и кој ги управувал дроновите. Ниту еден не е соборен.
- Данската полиција истражува сомневања дека леталата биле испратени од брод во Балтичко Море, но Минхен е оддалечен 1.000 километри.
- На самитот во Копенхаген европските лидери постигнаа согласност за зајакнување на безбедноста кон Исток со поставување „воздушен ѕид“ за откривање, следење и пресретнување на непријателски дронови.
- Кремљ ги отфрла сите обвинувања дека е одговорен за надлетувањата. „Добро, нема повеќе. Ни во Франција ни во Данска ни во Копенхаген... ни во Лисабон“, одговори на шега рускиот претседател Путин на прашањето „зошто испратил толку многу дронови во Данска“.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.