Се работи за план кој прв пат се спомна пред Г7 самитот, за потоа на самитот да биде потврден како еден од правците во кои се размислува за „ограничување на руските приходи од нафта а во исто време да се минимизира влијанието што тоа ќе го има врз нивните економии“.
Опсегот на цената од 40 до 60 долари се смета дека е во рамките на маргиналниот трошок на производство и цената на нафтата пред почетокот на војната на 24 февруари. Според американска страна ограничување на 40 долари барел веројатно е премногу ниско.
„Целта е да се намалат приходите на Москва за војната во Украина, но ризикот е дека лошо спроведени мерки ќе доведат до скок на цените на нафтата,“ пишува Блумберг.
Клучно кај ограничувањето на цената е таа да биде на границата на која Русија ќе сака да продолжи да извезува нафта.
Со денешните санкции и блокади, се проценува дека Русија и понатаму само од нафта заработува повеќе од 600 милиони долари на ден.
Бројките покажуваат дека во март, април и мај, Кина потрошила три пати повеќе пари на руски гас, нафта и јаглен од вообичаено, а Индија за истиот период платила над 5,1 милијарда долари, што е пет пати повеќе од пред една година.