Вести

Европа станува бастион на цензурата

Европскиот суд на правдата донесе одлука со која дозволи кривично гонење на поединци кои ќе објават или споделат содржини на Раша Тудеј и други руски медиуми кои имаат врска со државата. Небитно дали пренесените информации биле точни или не, небитно ако некој тоа го направил без економска корист, небитно ни дали содржината што ја споделил воопшто има врска со пропаганда или украинската војна. „Маша и Медо“ да се сподели од РТ, може да се заглави на повеќегодишна робија. 

Фрли рипче, фати крапче

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Булдожерите веќе завршија со пробивањето на Источното крило на Белата куќа за да направат место за контроверзната балска сала на претседателот Доналд Трамп. Некои од најголемите корпорации во земјата тивко помагаат да се плати сметката а нов извештај сугерира дека тие за возврат добиваат огромни бизниси.

250 години САД;

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Нова национална анкета во САД открива воочлив парадокс во јавното расположение за 250-годишнината од Америка: јаз помеѓу силната патриотска гордост на Американците и нивниот недостаток на основно граѓанско знаење од општа култура за својата земја. Пола од нив и не знаат што се оние 250 години што Америка деновиве ги слави.

Речник

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Иран и Оман веќе им доставиле на Соединетите Американски Држави предлог за администрирање на Ормускиот теснец, вклучително и заедничко собирање такси од бродовите што минуваат низ водниот пат. Теснецот се покажа како главен ирански адут против оние кои го нападнаа и го претворија Иран во сила која ефикасно може да му предизвика економска болка на целиот свет.

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Бомбашкиот напад врз олигархот Вадим Јермолаев во Монако не е само сведоштво дека Европа станала поле за брутална пресметка на украинските криминални кланови. Тој ги потсети Европејците дека со години се жртви на организирани измами преку кол-центри управувани од земјата која добива силна политичка поддршка од Брисел да стане членка на Европската Унија.

Европа се помирила со неизбежните патарини во Ормускиот проток

Иако американските преговарачи сè уште инсистираат дека можат да обезбедат целосно слободен сообраќај на бродови низ Ормускиот проток, некои европски влади веќе се помириле дека нема враќање на ситуацијата од пред војната и дека ќе мораат да им плаќаат патарина на Иран и Оман. Тоа ќе биде претставено како „такса поради загадување“ и „услуги за навигација“.

Има надеж за Канада

Еднаш веќе пишавме дека за време на пандемијата, Канада (заедно со Австралија и Нов Зеланд) ни беше најголемото разочарување со оглед на тоа како лесно а брутално беа газени основни човекови права, како либерализмот се покажа како чиста фасада, со оној Џастин Трудо кој е саде ПР и фејк НВО реторика.... Надежта се вика Пјер Полиевр, лидер на опозицијата и кандидат за премиер. 

Пандемијата фрли во дебелина 10.000 американски војници

За време на ковид пандемијата, американските војници масовно добивале на килажа, влегувајќи во категоријата дебели луѓе. Државата и војската тоа скапо го плаќаат a еднаш веќе ги спуштија критериумите кој може да биде регрут на американската војска.  

Селските деца станаа повисоки од градските

Нова меѓународна студија покажува дека предностите кои ги имаат децата кои растат во урбани средини имаат исчезнато во последните три декади. Ова особено важи за развиените земји додека во некои несреќни земји, просечната висина на децата станала помала, без разлика каде тие живеат.

Извонредно погрешниот напад на Тикток

Неодамнешното рендање на ЦЕО-то на Тикток пред речиси целосно непријателскиот конгресен комитет беше потсетување дека се позакоравената позиција против Кина е една од малкуте области на автентична меѓупартиска соработка. Со тоа и веќе постојниот непријателски став кон технолошката индустрија, Тикток е на два фронта.

Ковид вакцините не се потребни за здрави деца и тинејџери, ако ја прашуваш СЗО

Светската здравствена организација објави нови насоки за вакцинирање кои воведуваат три групи на приоритет (висока, средна и ниска) во однос на ризикот од смрт и сериозно заболување, со кои се укинува потребата од ковид вакцина за сите од 6-месечна до 17-годишна возраст што инаку се здрави.

Кока-кола годишно произведува 2 милијарди долари чист кокаин?

Компанијата својот пијалак за шмек го зачинува со листови кока, од што како нус-производ се јавува чист кокаин кој вреди околу 2 милијарди долари.

Украинската победа е малку веројатна годинава

Не дека не е изводливо Украина да ја протера целата руска армија од своја територија, ама е исклучително тежок подвиг кој не е веројатно дека ќе биде изведен до крајот на годината, прогнозира првиот човек на американскиот генерал-штаб генерал Мајк Мајли.

Нафтените профитери треба да ја платат обновата на Украина

Најголемите глобални енергетски компании кои го собраа кајмакот од блесавите цени на енергенсите последнава година треба дел од тој профит да го инвестираат во обновата на Украина, порача украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

Њујорк тајмс нема да плаќа за Твитер беџ

Неколку часа откако ја изгуби досегашната верификација на социјалната мрежа, портпаролот на Тајмс порача дека тие нема да плаќаат месечен надомест за да го вратат својот статус на Твитер.

Мигрантите во САД сами ќе бираат пол

На мигрантите кои ќе доаѓаат во САД, веќе нема да им бидат потребни никакви документи за нивниот пол бидејќи ќе можат сами да го одберат. За почеток има само две опции а потоа лоби групите ќе ја завршуваат работата за нон-бајнари и другите. Којзнае кога странските соколи ќе дојдат на ред?

Три бои Америка

Имаме три актуелни изјави во врска со политиките на Соединетите Американски Држави, од три различни страни на светот. Од Германија, од Мексико и од Замбија. Никој од присутните не е про-Путин, про-Пекинг или нешто слично. Просто, кога се зборува за семоќната империја им е докурца. 

На САД не им се губат уште дронови над Црното море

Откако еден Рипер дрон им заврши на дното на Црното море по судирот со руската авијација, САД ја симнаа на југ границата до која смеат да летаат нивните разузнавачки дронови како не би им се повторил инцидентот.

Италијанска кујна не трпи месо од лабораторија

Земјата која има построги правила за тоа како да замесиш тесто за пица отколку што има сообраќајни правила, на сите можни нивоа ќе блокира какво било припарување на „вештачко месо“ во нејзините граници.

Човек се самоубил после долги муабети со четбот

„Да не беше Елиза, тој сè уште ќе беше со нас, убедена сум во тоа,“ веели сопругата на еден Белгиец кој се самоубил после неколку неделни конверзации со Елиза. Тој имал 30-тина години и две деца. Елиза е бот и е жива и здрава.

Како Русија и Кина го претркаа Западот

Западните функционери сакаат да посочат дека 141 од 193 земји членки на О.Н. ја подржаа неодамнешната резолуција со која се бара Русија да се повлече од Украина. Меѓутоа меѓу 32-те кои се воздржаа од гласање беа Кина, Индија, Пакистан и Јужна Африка, на кои отпаѓа околу 40% од светската популација.

Вештачката интелигенција има реплика

Некој се сетил за актуелната тема околу писмото со кое се бара пауза во истражувањата на вештачката интелигенција да ја праша и другата страна. Да, вештачката интелигенција. Мамицата, ботот вика дека заедничка била одговорноста, наша и негова, ко да сме паселе овци заедно. И иритиран е од ова, ама има разбирачка за нас луѓето. Сме го јаделе. 

Оштетата за црнците од Калифорнија би стигнала некаде до 800 милијарди долари

Се работи за репарации кои Калифорнија размислува да им ги плати на своите жители црнци за тоа што се има огрешно кон генерации и генерации од нив што со прекумерно апсење и затворање, што со дискриминирање во домувањето.

Маск и компанија побараа запирање на трката за развивање на вештачката интелигенција

Маск, Вознијак и Стујарт Расел од Беркли, се меѓу 1.100 технолошки лидери и експерти кои повикаа на шестмесечна пауза во обучувањето на системи за вештачка интелигенција попаметени од ЧатГПТ 4, како би се дозволило време за развивање на заеднички безбедносни протоколи.

Границите на економското војување

Економските санкции стандардно со години носеа најголем ќар за Вашингтон во однос на средствата кои беа вложувани за нивно спроведување. Една година војна во Украина и санкции против Русија значително ја изменија оваа математика, не дека не удрија кај што треба, туку не го пишманија Кремљ.

Естонија ја реновираше својата армија на сметка на Украина

Како никогаш до сега ЕУ се согласи земјите членки да добијат значителен надомест од фондовите на Унијата за целото оружје што ќе и го испорачаат на Украина. Идилата на европското заедништво траеше се додека Естонија не се сети да биде малку сметководствено креативна со сметките што и ги пушта на Унијата.

ЕУ за малку да донесе забрана за продажба на коли со ауспух по 2035

Членките на ЕУ го дадоа и последното одобрување за воведување на законот со кој во Унијата по 2035 нема повеќе нема да може се продаваат возила што испуштаат ЦО2 гасови. Целосното вадење на ауспусите го спречи Германија.

Норвешка не може да постигне со гранати за топови заради Тикток

Норвешки производител на оружје јавно се пожали дека не може да ги исполни предвидените квоти за производство на муниција затоа што во поширокиот комшилук има и датацентар на Тикток кој ја троши целата струја во регионот.

Британската исхрана е посмртоносна од ковид-19

Храната е најверојатното нешто што предвремено ќе му го прекрати животниот век на просечниот Британец, и не која било туку главно ултра-преработената храна на која отпаѓа најголемиот дел од британската исхрана, некои си 57%.

Ќе се детронизира ли доларот?

До пред некое време, на мајтап се земаа муабетите дека доларот може да ја изгуби својата улога во светската економија како резервна валута (она што некогаш беше златото), на што и почива огромен дел од американската хегемонија. Одеднаш, од САД стигнуваат панични анализи на таа тема, особено по последните потези на Саудијците. Или е опасно, или е нешто - уште поопасно.