Еколошките придобивки на еден електричен автомобил можеби никогаш нема да се доживеат бидејќи нивното производство создава до 70 проценти повеќе штетни емисии отколку нивниот нафтен еквивалент. Тие треба да се возат преку 100.000 километри пред да бидат почнат да ја компензираат штетатата направена во нивното производство.
На пример е-Голфот на Фолксваген треба да се вози 123.000 километри, за околината да биде „на свое“. Но, постојат стравувања дека многу такви возила никогаш нема да ја постигнат таа километража бидејќи сопствениците сакаат да се подновуваат со понови модели, оставајќи делови од користените електрични автомобили во гаража, да се најдат за ако затреба.
На Запад кола се купува главно со кредитни планови, кои им нудат на клиентите шанса да го заменат својот автомобил за ново возило по тригодишен мандат, што веројатно нема да биде доволно време за да се надоместат штетните емисии.
Накратко, електричните возила можат да играат улога во намалувањето на стакленичките гасови само ако останат на пат доволно долго.
За тие проблеми и дилеми пишуваше и автомобилскиот ентузијаст Роуан Аткинсон во „Сакам електрични коли, ама, малку ко да сум измамен“.
Извештај на Институтот Зелени финансии покажа дека 61 отсто од возачите би биле заинтересирани да купат електрично возило, но едвај една четвртина би сакале да купат користен модел.
п.с. има и поинакви рачуници во полза на електричните.