Дел од арсеналот на Бајден го пренесува Аксиос според кои американскиот претседател често знае да избувне со викање и пцовки на своите соработници.
„Приватната избувливост покажува многу покомпликувана слика на Бајден како менаџер и претседател, наспроти неговиот внимателно одгледуван имиџ на добродушен чичко кој сака Рејбан очила и сладолед,“ пишува Аксиос.
Дел од соработниците дури веруваат дека за Бајден би било многу подобро доколку тој почне јавно да има вакви испади, како еден начин за смирување на грижата на неговите гласачи дека тој е премногу стар за работата што ја врши.
Наводно никој „не е безбеден“ од гневот на Бајден, од високи советници до помошници од пониските нивоа.
Главна причина за гневот на Бајден е кога некој од неговите соработници не знае одговор на некое прашање, „се додека не стане јасно дека тие не го знаат одговорот“.
Инаку ова е доволно честа појава што помошниците на Бајден ја сметаат за еден вид церемонија за иницијација во Белата куќа „ако Бајден не ти вика, тоа може да е знак дека не те почитува“.