Водата за пиење од речиси половина славини веројатно содржат „вечни хемикалии“ кои можат да предизвикаат рак и други здравствени проблеми, обелодени нова владина студија.
Синтетичките соединенија познати како PFAS ја загадуваат водата за пиење (во различни размери) и во големите градови и малите градови - и во приватните бунари и во јавните водоводни системи, соопшти Геолошкиот завод.
Ова е прва студија која ја тестира на PFAS и во регулираните и во приватните извори и се надоврзува на претходните сознанија дека овие хемикалии се масовно распространети, во производи за широка потрошувачка како нелепливи тави, пакување храна, облека, противпожарни апарати.... и се пробиваат до залихите на вода.
Позитивните примероци содржеа дури девет варијанти на PFAS елементи (ги има вкупно 32), иако повеќето имале по две.
Властите даваат препораки но сè уште не забрануваат фрлање вакви хемикалии во јавните канализациони системи.
„Треба да го третираме овој проблем онаму каде што почнува, наместо да почнеме да кочиме откако ќе направиме сообраќајка“, вели Скот Фабер, од една Работна група за животна средина. „Треба да бараме од загадувачите сами да го третираат својот отпад“.
Пред некоја недела, хемискиот гигант 3М со 10,3 милијарди долари вонсудски ги реши тужбите против него за труење со вечни хемикалии (види: Што е повечно: парите или хемикалиите?).
Пишувавме и за вечните хемикалии во Европа (види: Европа во себе има нешто вечно)