3M од Мичиген постигна вонсудски договор од 10,3 милијарди долари со американските градови и населби кои тврдеа дека водата им се загадува со “вечните хемикалии“ кои се произведуваат во фабриката.
Се работи за пер- и полифлуороалкилни супстанци (PFAS) кои од 1950-тите ги има насекаде - во нелепливи тавчиња, облека и килими отпорни на дамки, електроника, автомобилска индустрија, градежништво....
Милијардите отштета би се плаќале во период од 13 години, но, само ако судот го прифати договорот и тука запре барање одговорност од компанијата. Во спротивно, ја повлекуваат понудата и ќе тераат парници.
3M најави и дека ќе престане да произведува PFAS до крајот на 2025 година.
**********
Види и: