Дејвид Брамлет е поранешна Зелена баретка кој уште во март тргнува кон Варшава, од каде треба да се префрли во странската легија во Украина. По пристигнувањето во Украина, Брамлет признава дека ситуацијата околу меѓународната легија е малку хаотична и дека ти треба малку среќа за да се снајдеш. Тоа што најмногу му останува во сеќавање од тој период е колку луѓе без никакво војничко или воено искуство се покренале и дошле во Украина.
„Стварно имаше некои морони волонтери кои нема што да бараат во војна,“ објаснува Брамлет.
На самото патување од Варшава до Лавов, Брамлет раскажува дека се среќава „со неколку странци со кои не сака да се бори рамо до рамо.“ И во Украина не е баш најзадоволен од квалитетот на странците што се присутни („имаше еден Германец, поранешен дрводелец, кој беше дојден со ловџиска пушка“). Неколку дена подоцна успева да најде уште две Зелени баретки со кои формираат интернационална екипа од околу 12 луѓе, за специјални операции.
„И потоа во основа ни дадоа наредба да одиме на Харков и ни рекоа 'одете убијте колку можете повеќе Руси',“ раскажува Брамлет.
По кратка обука и опремување со муниција и оружје, тие тргнуваат на Харков, каде немаат никаква конекција со украинската армија или со другите странски војници. Околу Харков се поврзуваат со тамошните единици, од кои добиваат список на задачи од кои сами бираат која ќе ја спроведат.
Брамлет објаснува дека ова е неспоредливо потешка војна од Ирак и Авганистан, каде имаш авијација, разузнавање, надзор, извидница.
„Најлошиот ден во Авганистан и Ирак е одличен ден во Украина. Дури и кога мислевме дека не е така, ние секогаш ја контролиравме ситуацијата... во споредба со тоа да бидеш командант на Украина, каде имаше бројни непознаници.“
Еден од примерите што го дава Брамлет е околу извидницата, па за извештајот од секоја извидничка мисија треба да чекаш да се вратат назад твоите луѓе, бидејќи електронските комуникации не се употребливи. Тоа се некои 24 или 48 часа „а ако двајца од нив се ранети, нема по тебе да дојде хеликоптер да те спаси... работите можат да тргнат на многу лошо, многу брзо.“
Како што доаѓа зимата Брамлет решава да ги пушти своите борци на распуст, бидејќи на ниските температури тие се далеку повидливи за инфрацрвените нишани на Русите, плус исчезната е целата вегетација која ги криеше летото и есента. Тој објаснува „се плашев дека ќе излеземе да го правиме тоа што нормално го правиме и во основа сите ќе загинеме.“
Планот на Брамлет е да се врати назад во јануари, ама тоа пропаѓа во моментот кога тој стапнува дома.
„Кога се вратив дома во декември тоа некако ми даде дистанца, простор да преанализирам сè што се случуваше бидејќи таму сум одговорен за цел тим и немам време да размислам за сè.
Малку како да се исклучив од сè, но тоа ми даде простор да се декомпресирам и одново да проценам. Па дојдов до заклучок дека не се враќам назад да се борам,“ раскажува Брамлет.
Тој и понатаму е во Киев и како дел од Ветерман фондацијата помага во откривање и транспорт на телата на Американци загинати во Украина.