Англиските извршни власти добиле предупредување да не ги затвораат школите, покажува извештај на една тамошна родителска асоцијација.
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон на 18 март 2020 година побара училиштата во Англија да се затворат на неодредено време и тие тие ќе останат затворени подолго од која било друга земја во Европа. Многу деца се вратија во своите училници во септември таа година но само до јануари следната кога повторно беа затворени.
Дури сега се обелоденува дека Владата била предупредена да не го прави тоа уште во ноември 2020 година, пренесува Телеграф.
Пораката била дадена во заеднички брифинг документ на Одделот за образование и независна научна група. На министрите им било дадено остро предупредување дека повеќе деца ќе умрат од самоубиство отколку од заразување со ковид-19 доколку ги затворат училиштата.
Најмалку десет високи функционери од кабинетот, министерството за образование, за внатрешни работи и други сектори биле на состанокот и од прва рака ги слушнале предупредувањата.
Во 2020 година, 161 младо лице на возраст од 10-19 години извршило самоубиство во Англија. Таа бројка е речиси пет пати поголема од 34-те смртни ковид случаи за истата возрасна група.