Ердоган го врза членството на Шведска во НАТО со Турција во ЕУ

Европската Унија треба да го отвори патот за приемот на Анкара во блокот, пред турскиот парламент да го одобри приклучувањето на Шведска во НАТО Алијансата. Турција ги почна преговорите за влез во ЕУ во 2005, a прв пат аплицираше за членство во 1987.

„Ги повикувам сите овие држави кои прават Турција да чека пред вратата на Европската унија повеќе од 50 години.

Прво, дојдете и отворете го патот за Турција во Европската унија, па ние ќе го отвориме патот за Шведска, исто како што направивме за Финска,“ порачал турскиот претседател.

Првата реакција на портпаролот на владата на ЕУ беше дека зачленувањето во НАТО и ЕУ се различни процеси, и дека секоја земја кандидат е оценувана врз основа на засебни вредности, а на нешто сличен став е и Шолц.

Првата реакција на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, беше дека го поддржува членството на Турција во ЕУ, потсетувајќи дека Шведска веќе ги исполнила условите за членство во НАТО. Слична поддршка Турција има и од Белата куќа.

Самитот на НАТО во Вилнус почнува денес, и на него се очекува дека Турција на крај ќе го дозволи приемот на Шведска во Алијансата.

Утрово Столтенберг објави дека Ердоган одлучил да ја поддржи шведската кандидатура, дека ќе ја испрати инаугурацијата во турскиот парламент и ќе помогне за нејзино изгласување.

11 јули 2023 - 09:57